Пред неколку години американски фитнес експерти споделија дека длабокиот сквот е опасен. Ова тврдење сепак изгледа малку чудно, бидејќи во некои култури (во Кина, Индија) оваа поза се користи за релаксација.
Да, луѓето во овие земји практично одржуваат цели разговори во сквот позиција и тоа по личен избор. Во останатите земји очигледно решението е столот. И можеби токму поради таа причина многумина не ја практикуваат клекнатата позиција, што е само во нивна штета, бидејќи тоа е една од најпознатите основните и ефикасни вежби за одржување на големи групи мускули.
Би Џеј Гадер, еден од фитнес експертите на машкото списание Men’s Health, признава дека според него длабокиот сквот е вежба која не смее да биде пропуштена на ден. Тој им препорачува на мажите да поминуваат по 5 минути во оваа поза, иако признава дека дури и најдобро физички подготвените мажи и жени не издржуваат повеќе од 2 минути во низок сквот.
Позитивните страни од тоа не се малку:
1. Се зголемува мобилноста и силата на колковите, задникот, глуждовите и дури и грбот.
2. Штити од болки во грбот.
3. Го подобрува целокупното држење на телото, тонусот и помага за подобри перформанси во салата.
На прв поглед 5 минути во поза на длабок сквот изгледаат сосема невозможна, но има механизми кои можат да ви помогнат да се справите со оваа задача – жартиери, потпирачи и т. н. ќе го прифатите ли предизвикот?



















