Солта е еден од најчесто користените зачини во секојдневниот живот. Каква сол ќе ставите на вашата трпеза?
Денес ќе разгледаме неколку придобивки од консумацијата на Хималајската кристална сол. Еве што ја прави толку неверојатна и се повеќе популарна.
Хималајската кристална сол ги содржи истите 84 минерали и елементи кои се наоѓаат во човечкото тело. Некои од нив се натриум хлорид, сулфат, калциум, калиум и магнезиум. Содржината во неа на натриум е неколку пати помала за разлика од обичната сол. Поради својата единствена структура, таа чува вибрациска енергија.
Минералите во Хималајската сол постојат во колоидна форма, што значи дека тие се доволно мали за нашите клетки и лесно се апсорбираат.
Кои придобивки ги носи за здравјето нејзината потрошувачка?
Одржува здрави бели дробови и респираторна функција;
Одржува стабилен рН баланс на клетките;
Ги намалува знаците на стареење;
Промовира подобро спиење;
Го зголемува либидото;
Спречува грчеви во мускулите ;
Ја зголемува хидратацијата;
Ги зацврстува коските;
Го намалува крвниот притисок;
Ја подобрува циркулацијата;
Врши детоксикација на организмот од тешки метали и други;
Како да ја користите Хималајската сол?
Готвење – Кога готвите со хималајска сол или ги посолувате вашите сосови, салати, секогаш тоа правете го со однапред мелени кристали.
Релаксирачка бања – Уживајте во детоксикациската када со хималајска сол. Нејзините есенцијални елементи ќе ја стимулираат циркулацијата и ќе ги смират болките во мускулите. Хималајската сол содржи изобилство од хранливи и пријателски минерали, па оваа бања ќе обезбеди лекување и неверојатно терапевтски ефект за вашето тело.
Прочистување на воздухот – Хималајската кристална сол може да го прочисти воздухот во вашиот дом или канцеларија. Купете си ламба направена со оваа сол.
Направете си домашен пилинг – Земете мало количество мелена сол и додадете кон неа маслиново масло или од омилените етерични масла. Потоа со лесни масажни движења нанесете пилинг. По 2-3 минути може да исплакнете со вода.