Еве како да ги стасаме Јапонците кои се познати по долговечноста

1296

Без полуфабрикати, со многу риба и производи од соја.

Ако има светски шампиони по долговечност, тогаш ова несомнено се Јапонците. Просечниот животен век во Јапонија трае 86 години.

Јапонците се мирни, насмеани и добронамерни, а заедно со тоа се слаби и младолики и таквата состојба трае се до длабока старост.

Какви фактори ги определуваат овие квалитети на жителите од земјата на изгрејсонцето, повеќе од сигурно е дека сето тоа доаѓа од нивниот начин на живот и исхрана.

Ви нудиме 10 тестирани правила со кои Јапонците го одржуваат својот добар изглед:

– Јапонците не консумираат полуфабрикати! Тие се хранат со свежа храна, приготвена со минимална термичка обработка.

– Јапонците консумираат многу риба! Токму таа е извор на Омега-3 масни киселини, одговорни за одржување на доброто здравје и младосат.

– Јапонците консумираат големи количини зеленчук – карфиол, брокула, репка, зелка.

– Јапонците јадат често соја и производи од соја. Таа е една од главните јадења во менито на Јапонците. Сојата содржи големи количества протеини и есенцијални аминокиселини, целосно споредливи со оние кои се содржат во месото.

– Јапонците пијат барем по две чаши зелен чај дневно. Тој е еден од најмоќните антиоксиданси, исклучително средство за регенерација на клетките и за потиснување на развојот на клетките на ракот.

– Јапонците консумираат сино-зелените алги. Тие ги сметаат за суперхрана и моќен антиоксидант, кој ги елиминира токсините во организмот, а тоа го забавува процесот на стареење.

– Во јапонската кујна не се мешаат премногу производи во едно јадење, порциите не се украсени. Тоа е во хармонија со правилата на одделната исхрана што е докажано во времето ефикасноста во борбата со вишокот на тежина.

– Јапонците обожаваат свежо овошје и зеленчук, така добиваат доволно минерали и витамини за одржување на природниот изглед.

– Кога готват и служат, Јапонците користат помалку садови со мали димензии, кои не дозволуваат порциите да се непотребно големи. Затоа и не се прејадуваат!

– Јапонците се хранат полека ја изџвакуваат храната подолго и секогаш во мирна атмосфера. Оваа церемонија е еден од првите на кој ги учат своите деца.