Во јануари, Lockheed Martin и NASA го претставија експерименталниот авион X-59, кој се очекува да лета 1,4 пати побргу од брзината на звукот (1.490 км/ч) без да произведе експлозивен звучен бум.
Тој авион треба да игра клучна улога во повторното воспоставување на суперсонични комерцијални воздушни патувања.
Но, Американците сега работат на подморница која би можела да патува до три пати побрзо од Х-59. Иако звучи неверојатно, теоретски е можно да се нурне со овие брзини. Во 2016 година, научниците од Pennsylvania State University започнаа со развој на револуционерна подморница способна да достигне суперсонична брзина.
Тие заклучија дека едноставно решение за надминување на отпорот под вода е да се создаде меур. Технологијата наречена supercavitation ќе ја нурне подморницата во меур од воздух, за да ја намали водоотпорноста.
Бројни предизвици
Оваа технологија, изненадувачки, не е нова. Развиена е од Советите за време на периодот на Студената војна за торпедото Shakval со брзина од 370 km/h, што го прави многу побрз од било кое друго конвенционално торпедо.
Но, Американците не се единствените кои работат на создавање на суперсонична подморница. Harbin Institute of Technology (China) исто така работи на суперсонична подморница која се потпира на supercavitation.
Теоретски, оваа технологија би можела да и помогне на подморницата да достигне суперсонична брзина под вода, до неверојатни 5.800 km/h. Ако се развие, суперсоничната подморница ќе го намали времето на патување од New York до London на само 50 минути.
Понатаму, 8.270 км помеѓу San Francisco и Tokyo подморницата може да ги помине за само 90 минути.
Сепак, не треба да очекуваме дека суперсоничната подморница наскоро ќе оживее бидејќи на патот има некои сериозни предизвици.
Конвенционалните пропелери никогаш нема да можат да помогнат во придвижувањето на бродот до такви брзини. Подморницата треба да има моќен подводен ракетен мотор кој се уште не е развиен.
Потоа, има проблеми со управувањето бидејќи традиционалните кормила нема да работат во меурот и на тие брзини.
Кои подморници се најбрзи?
Воспоставените извештаи покажуваат дека само неколку подморници се способни за брзина поголема од 30 јазли (56 km/h). Експерименталниот USS Albacore достигна брзина од 33 јазли (61 km/h) во 1965 година.
Понатаму, во 1968 година е утврдено дека советската подморница од класата Студени постигнала брзина од 31 јазол (57 km/h). Како одговор, морнарицата на Соединетите држави ја развила подморницата од класата Los Angeles со брзина од 30-32 јазли (56-59 км/ч).
Наводно, рускиот брод од класата Акула може да плови под вода со брзина од 35 јазли (65 км/ч). Неговиот претходник, класата Алфа, можел да постигне кратки налети на брзина од 40-45 јазли (74-83 km/h) додека е под вода.
Исто така, постојат тврдења дека советската подморница со двоен пропелер К-222, со внатрешен и надворешен титаниумски труп, достигнала 44,7 јазли (83 км/ч) за време на испитувањата во 1969 година.



















