SpaceX Crew Dragon успешно се врати на Земјата | Видео

1354

Вселенското летало „Кру драгон ендивор“ на „Спејс-икс“ со помош на падобран денес во 03:33 часот по Гринич, успешно слета кај брегот на Флорида со четворица астронаути на него.

Во април, тие пристигнаа на Меѓународната вселенска станица, каде што останаа закачени цело ова време. Леталото полека кружеше во орбитата речиси девет часа пред да слета во Мексиканскиот залив во понеделникот.

Тимот „Кру-2“ го сочинуваат францускиот астронаут од ЕСА, Томас Песке, јапонскиот астронаут Акихико Хошида и астронаутите на НАСА – Шејн Кимброу и Меган Мекартур. „Астронаутите од Кру-2 и ’Драгон‘ минаа 199 дена во Орбитата, и ова е првото американско вселенско летало кое ја достигна таа точка“, соопшти Спејс-икс на Твитер.

Полетувањето од Меѓународната вселенска станица првично било планирано за недела, но беше одложено за вчера, поради лошите временски услови.

Меѓу другите наводи, тоалетот на „Кру драгон“ се расипал, што значи дека четворицата астронаути, кои се на МВС од април, морале да носат пелени при нивното патување дома.

„Одлично е да се вратиш на Земјата“, можеше да се слушне како вели Кимброу неколку моменти откако тие слетаа.