Големо откритие | Oчите на пациентите можат да откријат присуство на „Долг КОВИД“

1902

Најчестите симптоми се замор, отежнато дишење, болка во градите, палпитации, главоболки и конфузија, но има и голем број други проблеми.

Меѓу 10 и 30 проценти од оние кои развиваат „Ковид-19“ страдаат од трајни симптоми што колоквијално се нарекуваат „долг ковид“.

Засега, не постои единствена дефиниција за долг Ковид, бидејќи тоа е нов феномен, но се сведува на ситуации кога луѓето имаат голем број постојани симптоми по Ковидот.

Најчестите симптоми се замор, отежнато дишење, болка во градите, палпитации, главоболки, мозочна магла, болки во мускулите и нарушувања на спиењето, но има и различни симптоми како што се губење на мирис и вкус, зголемена загриженост, особено за нечие здравје, депресија и неспособност за работа и социјална интеракција.

Освен фактот дека симптомите се нејасни, тешко се забележуваат однадвор и може да се препишат за други нарушувања и болести, дополнителен проблем е што нема јасен тест за последиците кои произлегуваат од ковидот.

Може да се види на оштетените очи

Но, како што пренесува Sciencealert, нова студија открива како долгиот ковид може да се открие во очите, поточно со специфично оштетување на нервите во рожницата.

Оштетувањето на нервите во рожницата може да се открие со неинвазивна ласерска техника наречена конфокална микроскопија на рожницата (CCM), која истражувачите ја користеле за да ги идентификуваат абнормалностите на рожницата поврзани со голем број болести, како што се оштетување на нервите поради дијабетес, мултиплекс склероза и фибромијалгија.

Тука, тимот ја користел истата техника за да утврди дали CCM може да идентификува оштетување на корнеалниот нерв и зголемени дендритични клетки во случај на долг ковид. Тие ги споредиле резултатите од 40 пациенти со претходни инфекции Ковид-19 и CCM набудувања на 30 здрави лица кои никогаш не ја имале болеста.

Според истражувачите, CCM може да се користи за да се покаже долг ковид. Скенирањата на рожницата на пациенти кои пријавиле упорни невролошки симптоми по закрепнувањето од вирусот, откриле поголемо оштетување и губење на корнеалните нервни влакна, заедно со повеќе дендритични клетки, отколку кај здравите учесници.

„Колку што знаеме, ова е прва студија која објави за губење на корнеалниот нерв и зголемување на густината на DC кај пациенти кои се опоравиле од ковид, особено кај испитаници со долгорочни симптоми во согласност со долгиот Ковид“, пишува во истражувањето на Gulfidan Bitirgen од Универзитетот Necmettin Erbakan во Турција.