Неколку чекори против испукана кожа на носот

1622

Настинката, грипот и сезонските алергии одат рака под рака со течење на носот, што секогаш води до црвенило и пукнатини на кожата.

Состојбата е непријатна, па дури и болна, а исто така штети и на изгледот.

Добрите вести се дека постојат начини со чија помош можете да ја ублажите состојбата.

Гел од алое вера

Важно е да се користи навлажнувачки производ со кој се храни иритираната кожа на носот. На овој начин се спречува напукнувањето. За оваа цел можеме да користиме гел од алое вера или вазелин.

Навлажнувачки производ со навлажнувачки својства

Да, нанесувањето на хидратантен производ јалекува испукана кожа, но употребата на таков кој содржи и состојки како маслиново масло, би можел да обезбеди дополнителни бенефиции.

Кожата на лицето не треба да се чисти со топла вода или сапун

Ова правило важи во сите случаи, но особено кога има испукана кожа на лицето. Сапунот и топлата вода ги одземаат природните масти на кожата, што дополнително ја суши и иритира.

Да не го триете носот со крпа

Прекумерното триење може да е причина за напукнување на кожата. Наместо тоа, се препорачува едноставно да се собере течноста на носот.

Потхранување на кожата

Можеме само да измешаме масло со витамин Е со еукалиптус масло. Додека витаминот Е може да зајакне заштитната функција на кожата, еукалиптусовото масло помага на затнатиот нос.

Да го задржи телото хидрирано

Треба да консумираме повеќе течности, за да го хидрираме целиот организам, вклучувајќи ја и кожата. Кокосовата вода пример не само што штити од дехидрација, но и набавува минерали кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и ја зголемуваат енергијата.