Пита со капини

1919

Потребно

За тестото

  • 2 и ½ чаши брашно
  • 125 г путер, ладен
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 6 до 8 лажички ледена вода

За филот

  • ¼ чаша брашно
  • 6 чаши свежи капини (или боровинки), може и замрзнати
  • ½ лажичка лимонска киселина
  • 1 лажица лимонова кора, рендан
  • ½ чаша шеќер
  • ¼ лажичка цимет
  • 2 лажици масло, омекнато на собна температура

Состојки за премачкување

  • 1 јајце
  • 1 лажица млеко

Подготовка

Измешајте ги сите состојки за тестото. Поделете го на две топки. Расукајте кора од едната топка, дебела околу половина сантиметар.Раширете ја во намачкана и набрашнета тави и соберете го вишокот тесто. Оставете во фрижидер за околу половина час да се излади.

Внимателно измешајте капини, шеќер, брашно, циметот, лимоновата кора и сок од лимон во голем сад. Измешајте добро и ставете ја смесата врз изладената кора. Другата кора расукајте ја внимателно.

Покријте ја суровата пита со втората кора. Намачкајте со матено јајце и млеко, кои претходно сте ги промешале добро. Печете во рерна загреана на 200 степени околу 30 минути.

Време за подготовка 1 час и 30 минути