Вкусни колачи од сушено овошје

985

Мали, вкусни, меки и здрави топчиња, преполни со сушено овошје и јатки.

Потребно

  • 350 гр урми
  • 350 гр суви кајсии
  • 120 гр суво грозје
  • 170 гр ф’стаци
  • 2 лажици мед
  • 1 лажица цимет
  • кокосови трошки

Подготовка

  • Во блендер ставете ги сите состојки, освен шеќерот и циметот. Миксајте додека да се соединат сите состојки.
  • Од смесата формирајте мали топчиња и валкајте ги во миксот од кокосовите трошки и цимет. Смесата ќе биде леплива, па затоа формирањето на топчињата правете го со навлажнети раце со вода.