Храна за здрав систем за варење

2481

Кога ќе почнеме да се чувствуваме непријатно во омилените фармерки и почувствуваме дека половината ни ја зголемила големината, доаѓа на ред паниката и започнувањето на строги диети.

Всушност, треба да се погрижиме за дигестивниот систем.

Foodpanda, ја избра топ храната која ќе го зголеми имунитетот и ќе ја намали половината.

Кокос– исполнет е со влакна и здрави масти кои ќе ве заштитат од прејадување за време на оброкот.

Бадеми– богати со растителни влакна и протеини, тие се совршен појадок, кога чувствувате глад. Ќе ве држат сити, без да чувствувате тежина во стомакот.

Маслинки– тие се вкусни, корисни и можат да се консумираат на многу начини, па да не ви здосади. Ги препорачуваме зелените сорти маслинки.

Костеново брашно– обидете се да приготвувате леб и печива од костеново брашно. Таа има доволно влакна, за да го задржи варењето и да не заштити од болести или моментални болки.

Сушени плодови– сушеното овошје во зима е одлична опција за набавка на витамини и соодветно одржување на стомакот рамен.

Компири- варени или печени, тие се сигурен извор на витамини, влакна, минерали. За жал, ова не важи за пржени компири.

Кисело млеко– прави чуда за дигестивниот систем, бидејќи содржи пробиотици или живи бактерии кои го подобруваат целокупната состојба.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.