Саркастичните и нервозни луѓе имаат поголем ризик од смрт, покажа истражувањето на Универзитетот во Тенеси.
Имено, анализата на 2.300 испитаници кои преживеале срцев удар и покажале непријателски карактеристики, како што се сарказам, цинизам, незадоволство, нетрпеливост или раздразливост, докажа дека ваквите лица имаат поголем ризик од повторлив срцев удар во следните две години.
Луѓето кои се непријателски расположени кон другите, помалку се грижат за своето здравје и имаат поголема веројатност да пушат, да пијат алкохол и да се хранат лошо.
Непријателските одлики беа измерени на почетокот на студијата користејќи тест на личност, по што испитаниците биле следени во следните 24 месеци. Истражувачите потоа ја споредиле нивната стапка на преживување со резултатите од тестот на личноста и покажале дека може да се користи негативен карактер за да се предвиди ризикот од смрт од повторен срцев удар.
Така, научниците тврдат дека КАРАКТЕРОТ влијае на здравјето на срцето.
Непријателските лица имаат подолго време на згрутчување на крвта, покачено ниво на адреналин, холестерол и триглицериди, како и зголемена реакција на срцето. Овие познати воспалителни фактори можат да иницираат проблеми со срцето и да го зголемат ризикот од смрт – истакнуваат авторите на студијата.
Претходните истражувања покажале дека оптимизмот влијае на здравјето на кардиоваскуларниот систем, бидејќи, меѓу другото, ги намалува хормоните на стресот, пулсот и крвниот притисок.
Луѓето со позитивен поглед на животот јадат подобро, вежбаат повеќе и имаат помала веројатност да пијат и пушат.
Покрај тоа, научниците веруваат дека расположението го менува нивото на штетни и корисни хормони во телото. На пример, оптимизмот ги намалува стресот и анксиозните хормони, како што се адреналин и кортизол, кои можат да го оптоваруваат срцето и да го зголемат крвниот притисок.
Негативноста е одлика на личноста која вклучува сарказам, цинизам, незадоволство, нетрпеливост или раздразливост. Ова не се однесува на еднократни или ретки манифестации на такво расположение, туку на луѓе со кои тоа е начин на комуникација со другите.
Знаеме дека преземањето контрола врз животните навики ги подобрува шансите на пациентите кои преживеале срцев удар, а нашата студија сугерира дека може да биде корисно и промена на начинот на кој реагираме на светот – објасни авторот на студијата, д-р Трејси Витори.



















