Рубина од Свети Николе го победи Ковид-19

2758

„Пациентите да веруваат во стручноста на лекарите и да ги слушаат препораките на медицинскиот персонал.

Задоволна сум од грижата и вниманието од сите вработени во велешката болница. 25 дена бев хоспитализирана со покачена температура, потешкотии во дишењето и кашлица. Среќна сум дека сум жива и здрава. И среќна сум бидејќи повторно сум со моето семејство.

На никого не му посакувам да почувствува што значи страв, грижи и несоница како за своето здравје, така и со мислите за своите најблиски. Поради тоа, апелирам каде и да одиме да носиме заштитна маска.

Редовно да ги миеме рацете и да одржуваме потребна физичка дистанца. Нема ништо поважно од здравјето и семејството“, вели Рубина Митева (37г.) од Свети Николе која ја доби битката со коронавирус.