Ова се 24 градови со најголеми плати во светот

1622
Цирих

“Дојче банк” (Deutsche Bank) го претстави годишниот извештај за цените по светот. Тој го пресметува трошоците за стоки и услуги во најголемите градови.

Вклучени се стоки како кутија цигари, просечна изнајмување на еднособен стан, трошоци за превоз, храна, сметки за домаќинство .

Еден од критериумите кои банката ги пресметува е и просечниот доход на човек во овие градови. Податоците од кои се одземени даноците, се индикатор за богатството и на самите градови, пишува Бизнис инсајдер.

Во општи црти градовите кои се рангирани напред во листата, се наоѓаат во северната хемисфера во развиените западни економии. Напред се и градови од јужната хемисфера од Австралија и Нов Зеланд.

Погледнете кои се 24-те градови во светот со највисоки средни приходи по даноци.

24. Единбург, Шкотска – 2293 долари

23. Отава, Канада – 2446 долари

22. Амстердам, Холандија – 2493 долари

21. Торонто, Канада – 2560 долари

20. Париз, Франција – 2583 долари

19. Даблин, Ирска – 2603 долари

18. Хелсинки, Финска – 2620 долари

17. Стокхолм, Шведска – 2622 долари

16. Франкфурт, Германија – 2626 долари

15. Хонгконг – 2715 долари

14. Оклaнд, Нов Зеланд – 2762 долари

13. Лондон, Велика Британија – 2776 долари

12. Токио, Јапонија – 2897 долари

11. Велингтон, Нов Зеланд – 2941 долари

10. Копенхаген, Данска – 2958 долари

9. Сингапур – 3077 долари

8. Осло, Норвешка – 3154 долари

7. Мелбурн, Австралија – 3344 долари

6. Сиднеј, Австралија – 3451 долари

5. Чикаго, САД – 3622 долари

4. Њујорк, САД – 4303 долари

3. Бостон, САД – 4322 долари

2. Сан Франциско, САД – 4817 долари

1. Цирих, Швајцарија – 5876 долари