Лав Толстој, еден од најголемите великаните на руската литература, не бил само писател – тој бил човек кој ги живеел своите идеи.
Многумина го знаат по неговите книги, но малкумина ја знаат приказната зад оваа фотографија.
На 50-годишна возраст, Толстој доживеал силна депресија. И покрај тоа што бил гроф, богат и познат низ целиот свет, тој се чувствувал несреќно. „Парите не биле ништо, моќта не била ништо. Многу луѓе ги имале и двете и биле несреќни. Дури и здравјето не значело многу; имало болни луѓе со волја за живот и здрави луѓе во страв и страдање“, рекол тој.
Сè се променило кога видел сираче на улица. Толстој го однел дома, помагал, и за прв пат по долго време заборавил на својата тага и на сопствените проблеми. Од тој момент, тој се откажал од луксузот и започнал едноставен живот, помагајќи им на оние на кои им е потребно.
„Не ми зборувај за вербата, милосрдието, љубовта, туку покажи ми ја вербата во твоите дела“, рекол Толстој.
Освен што бил писател, Толстој бил и првиот теоретичар на ненасилството, проповедајќи братство меѓу народите. Неговите идеи подоцна ги инспирирале Махатма Ганди. И покрај тоа што многумина мислеле дека е луд, тој го посветил својот живот на другите, во време кога мнозинството било фокусирано на поседување и материјални добра.
Еден негов пријател, кој живеел во луксуз, го прашал:
„Која е поентата на сето ова? Што ти е гајле за другите? Треба да мислиш на себе“.
Толстој одговорил:
„Ако ја чувствуваш болката, живееш, но ако ја чувствуваш болката на другите, човек си!“
Поука
Барем малку повеќе да се чита Толстој – неговите дела и животна филозофија се лекција за човечност и солидарност која никогаш не старее.



















