Старите предмети на Стив Џобс му донеле илјадници долари на неговиот готвач

1367

Стари сандали на покојниот основач на компанијата “Епл” Стив Џобс биле продадени на аукција во САД за 2,75 илјади долари.

Информацијата била објавена на сајтот на Heritage Auctions. Овие сандали Стив Џобс ги носел во 1980 година, во времето кога ја основал компјутерската компанија NeXT Inc., потсетува ТАСС.

Името на победникот на тендерот не е наведен. Уште неколку работи кои припаѓале на основачот на “Епл”, меѓу кои и часовник и пенкало, кои им донеле 3,4 илјади долари на организаторите. Како што објавил порталот Cult of Mac, готвачот на Стив, Марк, си ги собирал овие предмети кога Џобс велел не ги фрлајте.

Готвачот раскажал дека тоа се случувало често, бидејќи Стив Џобс не сакал да држи многу работи. Нема објаснување за причините за таквото однесување.

Стив Џобс, Роналд Вејн и Стив Вознек го основале “Епл” (Apple Inc.) во 1976 година во Купертино, американската држава Калифорнија.

Компанијата се претвора во мултинационална корпорација за производство и продажба на потрошувачка електроника, компјутерски софтвери и компјутери. Една акција на компанијата AAPL (NASDAQ) чинела 96,04 долари