Што ќе прави индиското вселенско летало на Месечината ? Клучниот дел од мисијата започнува за неколку часа откао ќе слегне лунарната прашина

919

Индија сега е на Месечината“, среќно извика индискиот премиер Нарендра Моди, обраќајќи им се на присутните во контролната соба на ISRO.

Тој им честита на персоналот на контролната соба и на другите Индијци за ова значајно достигнување, а еве што се случува сега со вселенското летало Chandrayaan-3.

Прво, вселенското летало ќе чека неколку часа за целосно да слегне лунарната прашина.

После тоа, панелите на една од неговите страни ќе се отворат и ќе биде поставена рампа за „Pragiaan“, лунарниот ровер, да може да се лизне на површината.

Тие потоа ќе талкаат околу карпите и кратерите на Месечината, собирајќи клучни податоци и фотографии за да ги испратат назад на Земјата за анализа.

Леталото и роверот носат пет научни инструменти кои ќе помогнат да се откријат „физичките карактеристики на површината на Месечината, атмосферата блиску до површината и тектонската активност за проучување на она што се случува под површината“.

Датумот на слетување, исто така, е внимателно избран за да се совпадне со почетокот на лунарниот ден – што е еднакво на 28 дена на Земјата – бидејќи на вселенското летало и батериите на роверот ќе им треба сончева светлина за да се наполнат и функционираат, јавува BBC.

Така Индија стана првата земја која успешно слета вселенско летало во близина на јужниот пол на Месечината.

Оваа азиска земја неочекувано доби шанса со златни букви да ја напише историјата на вселенското истражување, откако Русија во сличен обид во саботата го загуби контактот со леталото Луна 25, а во неделата на 20 август објави дека се урнал на Месечината.

Индија штотуку влезе во историјата ! Вселенслото леталото успешно слета на Месечината