Редовното миење заби ja чува сексуалната моќ кај мажите

650

Редовното миење заби го намалуба ризикот од болести на непцата, а новата студија покажала дека ја чува и сексуалната моќ кај мажите.

Имено, мажите кои не ги мијат редовно забите, имаат голема веројатност за појава на проблеми со ерекцијата.

Турски научници откриле дека мажите кои имаат воспалени непца имаат три пати поголема веројатност за проблеми со ерекцијата.

Според студијата, мажите кои редовно ги мијат забите – со што се намалува ризикот од болести на непцата – имаат помали шанси за појава на еректилна дисфункција отколку нивните врсници кои не се грижат за хигиената на усната шуплина.

Турските научници кои ја воделе студијата, проучувале 80 мажи на возраст од 30 до 40 години и контролна група од 82 мажи. Се покажало дека дури 53 отсто од мажите со проблем со ерекцијата имале воспалени непца, во споредба со 23 отсто во контролната група.

Земајќи ги предвид другите факти како возраста и телесната маса, научниците заклучиле дека мажите со тешки парадентозни болести имаат 3,29 пати поголеми шанси да страдаат од еректилни проблеми, отколку мажите со здрави непца.

Водачите на истражувањето, докторот Фаит Огуз од Универзитетот Инону во Турција вели: „Еректилната дисфункција е главен здравствен проблем кој влијае на квалитетот на животот на околу 150 милиони мажи и нивните партнерки ширум светот. Физичките фактори предизвикуваат речиси две третини од случаите, главно поради проблеми со крвните садови. Другите случаи се предизвикани од психолошки проблеми, како што е емоционалниот стрес.

Многу студии наведуваат дека хроничниот пародонтитис може да предизвика проблеми на крвните садови како што се коронарните болести, кои се поврзани со еректилните проблеми.