Причини за болен сексуален однос кај мажите

120

Сексот е задоволство или барем така треба да биде. Но, во некои случаи може да биде болно за господата.

Постојат различни причини кои можат да доведат до непријатност за време на сексуален однос. Еве некои од нив.

Простатата

Состојбата која влијае на простатата, предизвикува болка и печење за време на мокрењето, може да влијае и на квалитетот на сексуалниот живот. Можно е за време на ејакулација да почувствувате болка и непријатност и тоа да ја намали желбата за интимни бакнежи. Затоа е важно навреме да се консултирате со специјалист.

Габична инфекција

Габичните инфекции не им влијаат само на дамите. Можно е да се појават и кај мажите, а најчеста причина за нивната појава е секс без кондом со партнер кој е носител на инфекцијата, прием на некои видови лекови или како резултат на лоша хигиена.

Габичните инфекции можат да предизвикаат многу непријатно горење, чешање, а тоа да го направи и половиот акт непријатен.

Површински рани

Повреда на пенисот како резултат на триење, оток или кинење за време на секс може да предизвика силна болка за време на пенетрација. Затоа е важно раните да бидат целосно излекувани, за да биде сексот задоволство, а не болка.

Продолжува на страна 2