Необични навики на натпросечните интелигентни луѓе

1308

Немате „еден куп“ пријатели

Бројни студии покажале дека луѓето имаат тенденција да бидат опкружени со луѓе кои се на слично интелектуално ниво како нив. Разликата е обично околу 15 поени „нагоре или подолу“.

Просечен жител на Земјата има IQ од околу 100 поени. Ако вашиот коефициент на интелигенција е над 115, јасно е зошто можеби не сте опкружени со „куп“ луѓе како вас.

Често сте загрижени

Повисоката интелигенција значи и дека повеќе размислуваме и се обидуваме подобро да ги разбереме проблемите, без разлика дали се поврзани со секојдневниот живот или настаните на глобално ниво. Многу интелигентни луѓе размислуваат повеќе за решавање на разни проблеми и се повеќе фрустрирани за нив.

Пцуете

Ова е директна последица на почестото размислување и грижи, а вашиот мозок се обидува да го „исфрли“ проблемот во форма на зборови што ќе „одекнат“. Пцуењето може да биде сигнал за висока интелигенција, но околината ќе го протолкува како грубост, затоа обидете се да го избегнете.

Туширајте се со поладна вода

Туширањето со многу топла вода не е добро за мозокот, а туширањето со поладна вода или вода со наизменична температура, ги подобрува когнитивните способности и дава дополнителна енергија.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.