Во денешниот свет кога патуваме побрзо од било кога и кога сите сме поврзани едни со други, не е тешко да се замисли дека некој вирус може брзо да се шири и практично да ја парализира планетата.
Ова го видовме во случајот со Ковид, а некои веруваат дека слични и уште полоши работи може да се очекуваат во иднина.
Но, дури и во време кога светот не бил „глобално село“, беснеле разни пандемии, од кои многу биле подраматични од оваа со која сѐ уште се бориме. Listverse објави топ 10 пандемии кои човештвото ги има преживеано уште пред ковидот.
1. Хонгконгшки грип 1968
Во јули 1968 година, во Хонг Конг бил пријавен досега невообичаен случај на грип. Тоа е варијанта H3N2 што брзо се проширила надвор од тој град.
По само две недели, првите случаи биле откриени и во Сингапур и во Виетнам, а во рок од три месеци грипот се проширил низ цела Австралија, Индија, Европа и САД.
Повеќе од милион луѓе починало, а половина од нив во Хонг Конг, што во тоа време било околу 15% од населението на градот.
Тешко ни е во време на корона ? Прочитајте го овој текст и ќе сфатите колку сме разгалени
Продолжува на страна 2 ⇓
2. Азиски грип 1956
Првите случаеви блле пријавени во Сингапур, и овој грип брзо се проширил низ Кина каде што земал два милиони животи. До Америка стасал 1957 година од кој починале околу 70.000 луѓе.
КОРОНА вирус и СОНЦЕ | Лекција од ПАНДЕМИЈА на грипот од 1918. година
Продолжува на страна 3 ⇓
3. Руската епидемија на коронавирус од 1889 година
Се појавил на три локации: во Туркменистан, северозападна Канада и Гренланд. Циркулирачкиот вирус бил подтип на коронавирусот H3N8.
Поради растот на населението и развојот на железницата, заразата брзо се проширила. По само пет недели, милиони животи се изгубени низ целиот свет.
Шпанска треска (грип)
Продолжува на страна 4 ⇓
4. Антониева чума 165-180 година
Ја зафати Римската империја од 165 до 180 година. Историчарите веруваат дека е предизвикана од мали или големи сипаници.
Заразата во Римската Империја ја донеле војници кои се бореле во војната против Партиската империја. Оваа пандемија е позната по екстремно долгото траење и тешките последици. Вкупниот број на жртви се проценува на пет милиони.
Од оваа чума починале и двајца цареви, Луциј Верус и Маркус Аурелиј, од династијата Антонин, по кои била наречена епидемијата.
Коронавирус | Поуки од шпанскиот грип
Продолжува на страна 5 ⇓
5. Јустинијанова чума 541 – 549
Чумата од периодот на Јустинијан е пандемија што ја зафати Византиската империја, а потоа и остатокот од светот.
Современите историчари ја нарекле оваа чума по источниот римски император Јустинијан Први, кој владеел во тоа време. Тој исто така бил заразен, но бил меѓу ретките среќници кои успеале да преживеат.
Се верува дека изворот на епидемијата бил во Етиопија или Египет, а дека бродовите што носеле жито од Египет во Цариград, донеле и болни стаорци кои го заразиле градот. Повеќе од 100 милиони луѓе во светот починале.
Болест над болестите | Водечките експерти: “Не ја научивме лекцијата …”
Продолжува на страна 6 ⇓
6. Црна чума 1346
Тоа е една од најстрашните пандемии во историјата на човештвото. Почнала од југозападна Азија и се проширила во Европа кон крајот на 1340-тите.
Бројот на починати се проценува на 75 милиони, што е близу половина од европското население во тоа време. Демографските загуби на оваа пандемија не биле исти насекаде, бидејќи болеста однела повеќе животи во заедници со поголем проток на луѓе и стоки.
По 1353 година, дошло до слабеење и конечен крај на пандемијата.
„Цитокинска бура“ – главна причина за огромната смртност од коронавирусот
Продолжува на страна 7 ⇓
7. Шпански грип 1918
Започнал во март 1918 година и траел до јуни 1920 година. Се раширил низ целиот свет. Заразил околу една третина од светската популација (помеѓу 500 и 600 милиони), а починале меѓу 50 и 100 милиони.
Шпанскиот грип се смета за една од најголемите катастрофи во историјата на човештвото и може да се спореди со епидемијата на чума од 16 век. Сѐ уште не е јасно од каде започнал, но првите случаи се регистрирани во Шпанија.
Најчестите жртви биле луѓе на возраст од 20 до 40 години, што е многу невообичаено за грипот.
Последици од Ковид-19 | Кој ќе прележи коронавирус не смее да пуши?
Продолжува на страна 8 ⇓
8. Трета пандемија на колера 1852
Вкупно седум пандемии на колера го имаат погодено светот, но третата се смета за најлоша. Таа траела осум години и се верува дека се проширила низ Европа, Азија, Африка и Северна Америка од Индија.
Во Лондон е откриено дека болеста се ширела од контаминирана вода, бидејќи цела населба се снабдувала од истата пумпа. Само во тој град починале околу 23.000 луѓе. Вкупниот број жртви во светот бил околу милион.
Зошто вториот бран на коронавирусот би можел да биде поопасен од првиот?
Продолжува на страна 9 ⇓
9. Шеста пандемија на колера 1910 година
Тргнала од Индија каде починале околу 800.000 луѓе. Потоа се проширила на Блискиот Исток, САД, Северна Африка, Русија и Источна Европа.
Благодарение на лекциите од минатото, во Америка успеале да ја стават болеста под контрола со изолација на заразените. Регистрирани се само 11 смртни случаи, што е исклучително мало во споредба со претходните пандемии.
Со секоја пандемија фармакомафијата е сѐ побогата | Еве на кој начин работат | Видео
Продолжува на страна 10 ⇓
10. ХИВ Пандемија 1981
Сѐ уште не е познато каде е забележан првиот случај на вирусот ХИВ. Според некои записи, тоа било во Норвешка кон крајот на 1960-тите, но други тврдат дека првиот случај датира од ДР Конго во 1976 година. Повеќето научници веруваат дека вирусот преминал од шимпанзи на луѓето во Западна Африка.
Првиот случај на ХИВ инфекција во Соединетите држави е забележан во 1981 година. Луѓето во тоа време не знаеле како се шири вирусот, така што брзо предизвикал глобална криза која одзела животи на повеќе од 36 милиони луѓе ширум светот. Со години, немало лек или соодветен третман за болните.
Иако вирусот не е искоренет до ден -денес, развојот на медицината и лекови им овозможи нормален живот на заразените со терапија. Се проценува дека денес во светот живеат околу 35 милиони луѓе со ХИВ, од кои повеќе од 60 проценти се во Африка.
Закана од нова пандемија | Короната не е ништо во споредба со она што може да се случи!