Начинот на давање телефон или таблет на расплакано дете често може да биде краткорочно успешен, но прашање е каков е долгорочниот ефект од ваквите постапки, доколку се повторат.
Експертите често забележуваат дека мобилните телефони и таблетите немаат никаква врска во рацете на малите деца, додека многумина предупредуваат и на штетното влијание на екраните врз малку постарите деца и тинејџерите. Има бројни негативни последици од прекумерната употреба на паметни телефони и таблети – од пад на концентрацијата и фокусот до дебелината, а многумина покажуваат знаци на зависност.
На оваа тема се направени многубројни студии, а една која е спроведена уште пред пандемијата, но резултатите беа објавени неодамна, исто така го покажува загрижувачкиот ефект на екраните врз децата на возраст меѓу 3 и 5 години. Истражувањето се фокусирало на смирување на децата со помош на екрани, што најчесто е ефикасна тактика, но помага само на краток рок, додека на долг рок им носи на родителите повеќе штета отколку корист. Особено во емоционалниот развој на децата.
Имено, се покажало дека децата чии испади и нервоза родителите ги решавале со телефони и таблети, во текот на следните неколку месеци имале проблеми со регулирање на чувствата и поголема емотивна реакција на ситуациите во кои се наоѓале, како што се нагли промени во расположението, изразена импулсивност и сл.
Ова особено се однесува на момчињата и децата кои веќе покажале „знаци на хиперактивност и силен темперамент“. Додека екраните навистина можат да ги смират некое време, тие ги спречуваат децата да развијат сопствени начини за регулирање на нивните емоции.
Иако овој метод за смирување на децата се чини дека е безопасна привремена алатка за намалување на стресот во домаќинствата, доколку оваа тактика се користи често, родителите можат да очекуваат долгорочни негативни последици, предупреди Jenny Radesky, педијатар од Универзитетот во Michigan, која учествуваше во проучувањето.
Таа особено го нагласува влијанието на екраните во раното детство кога користењето на екраните може да ја пропушти можноста да се развијат независни и различни методи за саморегулирање на однесувањето.
Проблемот е што давањето екрани на најмладите им помага и на родителите и на децата, па, предупредува Radesky, може и едните и другите да ги мотивира да продолжат со таквата практика. Истражувањето нагласува дека треба да се знае дека екраните не можат едноставно да се отстранат од животот и дека нивната умерена употреба може да биде корисна, но никогаш не треба да се користат како примарен или чест начин за смирување на децата.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















