Колку брзо се движиме ? Го прочитавте ова, а веќе поминавте илјада километри низ вселената

319

За времето, колку би ви било потребно да го изгледате двеминутното видео подолу, ќе поминете преку 100.000 километри низ вселената со брзина од над 3 милиони километри на час. Тоа се околу 850 километри во секунда.

Брзината е релативна

Како научниците успеале да го пресметаат ова?

Всушност, тоа е многу покомплицирано отколку што мислите, бидејќи брзината не е апсолутен, туку релативен термин. Значи, ако сакате за нешто да ја одредите брзината, без разлика дали е атом, автомобил или млечен пат, треба да ја знаете брзината на нешто друго во однос на што би ја измериле.

Со други зборови, ако седите додека го читате ова, воопшто не се движите ако ја мерите брзината во однос на брзината на столот на кој седите. Слично, кога велиме дека еден автомобил патува со брзина од 100 км/ч, таа брзина се пресметува во однос на фиксна точка на површината на Земјата.

Но, како што сите знаеме, не постои фиксна точка на површината на планетата. На својот најбрз дел – екваторот, Земјата се врти околу својата оска со брзина од околу 1.675 км/ч. А што ако ја измерите брзината во однос на остатокот од универзумот?

Вртоглава брзина

За да го пресметаме ова, прво мора да видиме колку брзо се движи планетата на која живееме. Освен што ротира околу својата оска, таа кружи и околу Сонцето, а таа брзина можеме да ја измериме со проверка колку долго трае една ротација – 365,25 дена. Со оглед дека целата патека е долга околу 940 милиони километри, излегува дека Земјата патува околу Сонцето со брзина од околу 107.290 км/ч.

Но, сончевиот систем не стои во нашата галаксија, исто како што галаксијата не е неподвижна во однос на остатокот од универзумот. Значи, треба да ги додадеме и тие брзини на равенката.

Сонцето, заедно со сите негови планети, се врти околу центарот на Млечниот Пат со брзина од околу 871.781 км/ч.

А брзината со која се движи галаксијата низ вселената?

Ако ја измериме неговата брзина во однос на позадинското космичко зрачење генерирано за време на Големата експлозија, доаѓаме до неверојатна бројка од над два милиони километри на час.

Откако ќе ги земеме сите горенаведени брзини заедно, доаѓаме до вкупна брзина од над 3 милиони км/ч, или 853 километри во секунда.