Дете воспитано во вредности | Кога моралот зборува погласно од подбивот

75

Еден татко напишал: „Мојата ќерка денес ја доби првата менструација. Била во автобус и тинејџер кој е една година постар од неа ѝ пришол и ѝ шепнал на уво: „Имаш дамка на панталоните. Завиткај го мојот џемпер околу половината и оди дома, пресоблечи се.“

Денес сакам да им се заблагодарам на родителите на ова дете што го воспитале на овој начин. Тој не ја снимал, не ја фотографирал, не ја разоткрил, не ја исмејувал ниту ја малтретирал, туку ѝ помогнал.“

Кога детето е воспитано во љубов, нежност, почит, солидарност, толеранција и дух на служење, тогаш светот е поубав.

Аплауз за оние родители кои всадуваат морални и духовни вредности кај своите деца, но двоен аплауз за децата кои ги применуваат во пракса.

Voice Of URANIA / Гласот на Уранија