КОГА СЕ СЕЛИМЕ ? Откриена планета многу слична на Земјата, се чини дека е погодна за живот | Видео

1840

Transition Exoplanet Survey Satellite (TESS) откри егзопланета со големина на Земјата која се наоѓа во населлива зона на орбитирачкото соѕвездие Делфин (Дорадо), соопшти NASA.

Оваа егзопланета, наречена TOI 700e, се наоѓа на растојание од својата ѕвезда во орбита што би овозможила постоење на вода на површината на планетата. Планетата е веројатно карпеста и приближно со иста големина како нашата. Небесното тело ја претставува четвртата откриена планета која орбитира околу малата, студена М џуџеста ѕвезда TOI 700.

Мали, ладни, M џуџести ѕвезди како TOI 700 се вообичаени во универзумот, а многумина од нив се дом на егзопланети како што е системот TRAPPIST-1 со седум егзопланети кои ќе бидат испитани од вселенскиот телескоп James Webb.

Сè следи вселенскиот телескоп James Webb

Најблиску до ѕвездата е планетата TOI 700b, која е 90 проценти од големината на Земјата и завршува една брза орбита околу ѕвездата на секои 10 земјини денови. Постои и TOI 700c, кој е 2,5 пати поголем од Земјата, а орбитира околу ѕвездата за 16 дена.

Овие планети веројатно се заклучени така што секогаш се свртени кон ѕвездата од истата страна, исто како што Месечината секогаш е свртена кон Земјата од истата страна.

Две егзопланети во зоната погодна за живот на ѕвездата, планетите d и e, имаат подолги орбити кои траат 37 и 28 дена. Причината е што се подалеку од ѕвездата. Новооткриената планета всушност се наоѓа помеѓу овие две.

Мисијата TESS започна во 2018 година и надгледува делови од ноќното небо 27 дена, односно најсјајните ѕвезди додека ги следи нивните промени во осветленоста.