Ако сакате долг живот, откажете се од сексот

2299

Ако сакате да сте долголетници, треба да престанете со сексот. Така барем велат британските научници, пишува The Daily Mirror.

Според студија на специјалисти од Универзитетот во Шефилд, целосното откажување од интимните бакнежи е најефикасен лек за подолг живот. Научниците така си објаснуваат зошто монасите и монахињите редовно доживуваат длабока старост за разлика од луѓето, кои се насладуваат на телесните задоволства.

Така нивното тврдење целосно ги негира досегашните истражувања на специјалисти, според кои водењето на регуларниот сексуален живот помага за долговечноста.

Британските експерти се повикуваат на фактот дека бубачките кои не се пареле живеат подолго од оние кои имаат наследници.

“Кај бубачките за да се стигне до популација, требаат хормони за да се произведат сперма или јајце клетки, а тоа се одразува негативно врз имунолошкиот систем. Кога бубачките имаат секс, тие се противат на својот имунолошки систем, а тоа неминовно влијае на долговечноста.”

Според експертите, истиот принцип важи и кај луѓето. Така внуците исто живееле во просек за 19 години повеќе од своите врсници кои се сексуално активни.

Машкиот хормон – тестостерон е посочен како фактор кој го скратува животот на мажите. Токму и поради тоа жените живеат подолго.