Ренесансната слика пронајдена во кујна на Французинка се продава за 24 милиони евра

1544

Ремек-дело кое се припишува на италијанскиот сликар Чимабу од 13 век е пронајдено во кујната на Французинка и се очекува да биде продадено за неколку милиони евра на претстојната аукција.

Наречена „Христос се потсмева“, мала дрвена слика го прикажува Исус опкружен со толпа луѓе.

Експертите сметаат дека тоа е дел од поголем диптих што Чимабу го насликал околу 1280 година, пренесува АП.

Тоа е огромно откритие за историјата на уметноста, рече Стефан Пинта, експерт од галеријата „Тркин“ во Париз, за слика со димензии 24 на 20 сантиметри.

Сè до неодамна, сликата беше закачена на ѕидот помеѓу кујната и трпезаријата на една куќа во Compiègne, севрено од Париз.

Сопственикот сметал дека станува збор за безначајна икона од Русија се додека аукционер не ја забележал сликата додека бил на гости и предложил да ја испитаат експертите, објасни Пинта.

Тој додаде дека експертите „со сигурност“ утврдиле дека сликата има карактеристики на делата на Чимабу.

Тие забележале јасни сличности со два панели од неговиот диптих, од кои едниот е изложен во галеријата Фрик колекција во Њујорк, а другиот во Националната галерија во Лондон.

Christ Mocked од италијанскиот уметник Cimabue пред аукцијата беше проценета од 4 до 6 милиони евра

Сличноста во изразите на лицето и објектите што ги насликал уметникот и техниката со која ги нагласил светлината и растојанието особено укажуваат на тоа дека ова е дело на Чимабу.

Она што е забележително на оваа слика се движењата на Христос, рече Пинта.
Сликата ќе биде првото ремек-дело на Чимабу продадено на аукција, кога ќе се појави на продажба во аукциската куќа Actéon, северно од Париз, на 27 октомври.

И така ова мало рано ренесансно ремек-дело пронајдено во кујната на Французинка за време на расчистување на куќата достигна цена од над 24 милиони евра, на аукција во организација на аукциската куќа Actéon, што ја прави најскапата средновековна слика некогаш продадена.

Чимабу, кој бил учител на италијанскиот мајстор Џота, се смета за основач на италијанската ренесанса.

Тој го напушти византискиот стил популарен во средниот век и воведе елементи на движење и перспектива што станаа карактеристични за западното сликарство.