Високиот холестерол е опасен за организмот. Тој се таложи на ѕидовите на крвните садови и ја спречува нормалната проодност на крвта. Нарушената циркулација доведува до голем број кардиоваскуларни заболувања.
Високиот холестерол пречи и на нормалната масна размена.
За да го намалите холестеролот по природен пат , треба да се фокусирате на одредена храна.
Постојат суперхрани, коишто придонесуваат за квалитетното намалување на лошиот холестерол и ризиците што произлегуваат од него. Кои се тие?
Бадеми
Во обвивката на бадемовата јатка се содржат супстанции кои ја спречуваат оксидацијата на лошиот холестерол. Овој процес е исклучително штетен за ѕидовите на крвните садови. Тој го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести.
Авокадо
Во авокадото се содржат неверојатно многу мононезаситени масни киселини . Тие докажано го намалуваат нивото на лошиот холестерол и го зголемуваат нивото на добриот. Поради тоа авокадото треба да е постојано присутна храна на трпезата.
Јачмен
Луѓето во чија исхрана присуствува јачменот, имаат 2 пати пониски нивоа на лош холестерол. Можете да го замените белиот ориз со јачмен во јадењата. Тој се комбинира одлично и со овошје, ореви и салати.
Грав
Гравот и воопшто бораниите се преполни со корисни влакна. Тие го намалуваат нивото на холестерол и ги олеснуваат метаболичките процеси и најмногу размената на маснотиите. Растителните протеини се супстанциите на кои треба да фокусирате,ако страдате од висок холестерол.
Овес
Овесните снегулки се другата суперхрана, исклучително богата со растителни влакна. Освен тоа, во его има големи количини на витамини од групата Б. Минералите и протеините во овесните снегулки ги прават една од најкорисните закуски со висока енергетска вредност, но со малку калории.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















