Кога станал учител во проблематичниот Јужен Бронкс, во Њујорк, Stephen Ritz навистина веруваше дека децата со кои работи не треба да ја напуштат заедницата за да направат нешто од себе и да имаат подобар живот.
Тој одлучи животот да го “засади” токму таму каде никнале и неговите ученици, и тоа буквално. Создаде училиште со зеленчукови ѕидови и направи чудото таму, од каде што сите други очекувале само најлошо.
Со градинарството во училиштето од 2005 г. Stephen Ritz го зголеми процентот на посетеност на наставата во училиштето “Дискавери”, и тоа од 40% на 93 %. Како? Учејќи ги учениците да одгледуваат храна.
“Моите ученици биле најмаргинализираната група во Њујорк, која живее во најсиромашниот округ во Америка. Станаа подебели, болни и посиромашни”, вели Ritz. Размислувајќи, како би можел да ги мотивира и направи поздрави, со нив почна да ги обновува комуналните градини, а во 2009 година соработува со компанијата “Green Light Technologies” која ги прави вертикалните урбани градини и во својата училница направи “ѕид за јадење” од алуминиум и нерѓосувачки челик. Децата беа воодушевени и многу брзо ги засукаа ракавите, но овој пат не заради физички пресметки по кои овој регион е познат, туку заради градинарската работа.
Зеленчук во училиште
Одгледување храна со свои раце навистина ги измени овие деца. Почнаа мотивирани да доаѓаат на училиште, горди се на своите дела и помалку склони кон интерперсоналните конфликти. Згора на тоа, наместо да се муртат кога ќе се спомне зеленил, учениците на Ritz, кои претходно биле дебели и навикнати на брза храна, почнаа да грицкаат директно од ѕидовите на училниците, докажувајќи уште еднаш дека храната која самите ја одгледуваме неизбежно станува храна која сакаме да ја јадеме. Ги загубиле своите лоши навики за јадење и многу килограми, а и нивниот учител ослабел заедно со нив.
Продолжува на страна 2
Бавча на кров
Во рок од шест месеци од почетокот на проектот, Ritz и неговите ученици одгледувале доволно свеж зеленчук за да нахранат 450 ученици со свежа храна на секој деведесет дена. Наскоро тие почнаа со продавање на зеленчукот на училишниот пазар, собирајќи така пари за бездомниците.
Правејќи висечки градини, учениците на Ritz ја совладале вештината на градежништвото и на крајот на 2010 година Ritz и неговиот “тим” инсталирале зелени покриви и ѕидови во Empire State Building, Хенкок кулата во Бостон и во многу приватни домови на Лонг Ајленд.
До денес, Stephen и неговата младинска организација “Green Bronx Machine”, вработува 2200 млади луѓе, а првите десет негови студенти кои учествуваа во овој проект од “изгубени случаи“ во голема мерка станале успешни млади луѓе кои посетуваат колеџ. “Сите од мојата прва генерација се на колеџ и заработуваат за живот”, вели Ritz.
Деца градинари
“15 тони свеж зеленчук од Бронкс подоцна, нашите омилени култури станаа “органски одгледувани” граѓани, гласачи, членови на средната класа, училишта преполни со ученици кои имаат многу поздрави навики и пристап кон здрава храна”, вели Ritz во својот говор на ТЕД конференцијата, кој спаѓа во еден од најголемите инспиративни говори за образованието. И заклучува: “Кога децата од најсиромашните конгресни области во САД можат да изградат ѕид од 10m ширина и 4,5 м височина, да го дизајнираат, засадат и инсталираат во срцето на Њујорк, тоа е оној вистинскиот “You can do it” момент.”
“Луѓе, вие сето тоа можете да го направите. Држете ги децата подалеку од продавниците за брза храна. Одгледувајте за нив здрава храна, особено ако можете да ја наберете од ѕидот на вашата училница! Бидете модел за добро однесување. Однесете ги до локалните тезги каде што се продава овошје и зеленчук. Учете ги на претприемништвото. Дајте им да готват, нека се занимаваат со готвење. Но најважното нешто е да ги сакате. Ништо не функционира како безусловната љубов.”
Stephen Ritz како дел од неговата непрофитна организација “Green Bronx Machine” во моментов работи на “пресадување” на својот успешен модел во други училишта во проблематичните квартови на Америка.
Подготви педагог Виолета Крстевска Васиќ
Видете го целосно говорот на Stephen Ritz:
Н О В О !!!
Бидете и вие дел од фамилијата на my World
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување
Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk