АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

Четири евтини домашни средства на пастата за заби

By kukuriku

January 04, 2021

Заборавивте да купите паста за заби, а продавницата веќе е затворена! Не се нервирајте! Овие четири евтини домашни средства прават идеална работа.

Користете морска сол

Морската сол содржи минерали како калциум, магнезиум, силициум, фосфор, натриум, никел и железо, кои можат да ги зајакнат непцата и го освежуваат здивот, го спречува формирањето на забен плак и по некое време дури ги бели забите. Јодот во морската сол има антибактериски својства и е во состојба да го неутрализира киселините кои предизвикуваат забен кариес.

Потопете ја четката за заби во морска сол и измијте ги со неа забите.

Можете исто така да ја исплакнете устата со раствор на солена вода. Растворете 7 грама морска сол во 120 мл топла вода, а потоа исплакнете ја устата во тек на 30 секунди. Плукнете ја водата кога ќе завршите.

Гаргара со солена вода може да помогне и да излечи потечени или воспалени непца, како и да се ослободи усната шуплина од сите бактерии.

Измијте ги забите со сода бикарбона

Сода бикарбона или натриум бикарбонат долго време е позната како природен метод за чистење и белење на забите. Поради својата алкалност содата ги неутрализира киселините кои можат да доведат до кариес. Таа исто ги убива бактериите и го освежува здивот.

Измешајте сода бикарбона со вода, додека не постигне конзистенцијата на паста, а потоа исчистете ги забите со добиената смеса.

Измешајте ја содата со морска сол, за да си направите различни видови домашна паста за заби.

Биоактивна паста за заби | СИБИРСКО ЗДРАВЈЕ / SIBERIAN WELLNESS

Користете природен сапун

Иако вкусот на сапун во устата не е нешто пријатно, природен сапун е ефикасен начин за чистење на забите. Користете благ сапун, на пример неароматизиран сапун од маслиново масло.

Користете кокосово масло

Кокосово масло има антибактериски и антифунгални својства, освен тоа има пријатен вкус. Освен тоа, може да се комбинира со други состојки, како што е сода.