Зошто се забошотува врската помеѓу коронавирусот и 5G?

2178

Која е поврзаноста помеѓу коронавирусот и 5G? Дали ова биолошко оружје е изговор за задолжителна вакцинација, вклучувајќи ДНК вакцини, која може да се инјектира со техника на пулсен бран, како што се оние што ги користи 5G?

Врската помеѓу коронавирусот и 5G е многу важен фактор кога се обидувате да ја разберете епидемијата (порано скратено 2019-nCoV, сега COVID-19). Разни независни истражувачи ширум Светот ја истакнуваат врската помеѓу COVID-19 и 5Г. Поврзаноста на коронавирусот и 5G не значи дека коронавирусот нема никаква врска со биолошко оружје, туку тука се работи за поширока слика, информира Трансформација на свеста.

Вухан беше еден од тест градовите во Кина за спроведување на 5G. 5G заживеа во Вухан од 31. октомври 2019 година, скоро 2 месеци пред појавата на коронавирусот. Во меѓувреме, многу научни трудови за ефектите од 5G врз здравјето потврдиле дека 5G предизвикува симптоми слични на грип.

Овој напис ги открива различните врски зад феноменот коронавирус, вклучително и како 5G може да ја влоши состојбата или да предизвика симптоми на болест што му се припишуваат на новиот вирус.

Зајачката дупка е длабока.

5G – Еден вид на усмерено енергетско оружје

За подлабока позадина до 5G, прочитајте ја статија од 2017 година за 5G и IoT: Total Technological Control Grid Being Rolled Out Fast.

Многу луѓе ширум светот, вклучително и загрижените граѓани, научници, па дури и владини претставници, стануваат свесни за опасноста од 5Г. Поради ова, 5G веќе е забранет на многу места низ целиот свет, како Брисел, Холандија, Швајцарија и делови од Ирска, Италија, Германија, Велика Британија, САД и Австралија. На крајот на краиштата, 5G не е само следната генерација на мобилна мрежа, 5G е радикален и целосно нов вид технологија – воена технологија која се користи на бојното поле, а која сега се „распоредува“ низ цивилната империја. Оружјето со фазни низи кое скриено се продава како примарен комуникациски системи, го користи истиот фреквентен опсег како „CROWD CONTROL SYSTEM“ или Систем за контрола на маси. Дури и мејнстрим Википедија го опишува како „Систем за контрола на маси“ како оружје усмерена енергија.

Бројни научници предупредуваат на опасните здравствени ефекти на 5G. На пример, во оваа 5G Апелација од 2017 година под наслов Научници и лекари предупредуваат за потенцијални сериозни здравствени ефекти на 5G, научниците предупредуваа на штетното од нејонизирачко зрачење на RF/EMF.

Ако сте ги слушале или ако ги послушате Mark Steele и Barrie Trower, ќе имате претстава за застрашувачките ефекти на 5G. Trower повтори дека 5G го оштетува имунолошкиот систем на дрвјата и ги убива инсектите. Trower открива дека во 1977. година 5G бил тестиран на животни со надеж дека ќе пронајдат оружје. Резултатите биле сериозна демиелинација – отстранување на заштитната обвивка на нервните клетки. Некои нации сега забележуваат загуба на инсекти од 90% (вклучително и инсекти кои запрашуваат, како што се пчелите) кои се собираат околу столбовите на светилките на кои е инсталиран 5G.

Вухан воени игри и симулација на настани 201

Ако копате доволно длабоко, ќе пронајдете вознемирувачки врски помеѓу 5G и луѓето кои развиле или развиваат вакцини за нови вируси, како што се ебола, зика и новиот коронавирус (СОВИД-19). Во фантастичниот дел од истражувањето авторката по име Annie Logical која напишала текст под наслов “Corona Virus Fakery and The Link to 5G Testing“ кој ја објаснува врската помеѓу коронавирусот и 5G. Написот содржи „еден тон“ информации.

Од 18. до 27. октомври 2019. година Вухан беше домаќин на Светските воени игри и во таа пригода користен е 5G (за прв пат досега) за оваа намена. Исто така, на 18. октомври 2019. година во New Yорк, Johns Hopkins Центар во партнерство со Светскиот економски форум, кој целосно ги поддржува сите цели на ООН за одржлив развој (SDG) и Технократите (WEF) и Фондацијата Bill and Melinda Gates, бил домаќини на настанот 201 – „Глобална пандемска вежба“ која претставува симулација на пандемија. Погодете кој вирус го избрале за нивна „симулација“? Коронавирус!

Погодете кои животински клетки ги користат? Свинските! (За COVID-19 првично беше известувано дека се проширил од пазарите за морска храна, а познато дека рибите во Кина се хранат и со отпадоци од свињи). Настанот 201 ги вклучува UN (WEF сега има договор за партнерство со UN), Big Pharma (Johnson & Johnson), Бил Гејтс (клучна фигура за промовирање на вакцини, микрочипови и Агенда 2030) и кинески и американски CDC. Присутните на настанот 201 препорачале владите да ги принудат компаниите за социјални медиуми да престанат со ширење на „лажни вести“, така што единствениот начин за контрола на информациите и јавноста за вирусот (пандемија) има WHO СЗО (Светската здравствена организација, дел од UN).

Inovio, Електропорација и 5G

Како што беше објавено на 24. јануари 2020. година, американската биотехнолошка и фармацевтската компанија Inovio добила грант од 9 милиони американски долари за развој на вакцина против коронавирус. Trust … и учесниците на настанот 201: Bill and Melinda Gates Foundation и WEF. Главниот извршен директор на CEPI е поранешен директор на BARDA (американскиот орган за истражување и развој на напредни биомедицински производи) кој е дел од HHS.

Па кој е сопственик и кој управува со Inovio? Двајцата клучни мажи се David Weiner и dr. Joseph Kim. Weiner му бил универзитетски професор на Kim. Weiner се вклучи во развојот на вакцината против ХИВ и Зика. Како што споменавме, постои врска помеѓу вакцините за свиња / свинска ДНК и коронавирусот; Annie Logical забележува дека „одамна е утврдено дека морската храна во таа област се храни со отпадот од свињи (измет)“. Ким работел пет години како член на Советот за глобалната агенда на WEF – друго тело што го турка Новиот светски поредок и една светска влада под знамето на Агендата 2030 година.

Weiner е вработен и советник на FDA, се смета за експерт за ДНК технологија и ја започнал новата метода на пренесување ДНК наречена електропорација – микробилошка техника која користи електричен импулс за создавање на привремени пори во клеточните мембрани преку кои материите како хемикалии, лекови или ДНК можат да се внесат во станицата.

Оваа техника може да се користи за примена на ДНК вакцини, кои инјектираат странска ДНК во клетките на домаќинот што ја менуваат ДНК на домаќинот. Тоа значи дека ако земете ДНК вакцина, дозволувате промена на ДНК! Како вакцините веќе да не беа доволно застрашувачки … но еве во што е рабоата: електропорацијата користи пулсирачки бранови. Погодете што друго користи пулсирачки бранови? 5G! Ова е или неверојатна случајност или доказ или злобна корона вирусна 5G врска. Annie пишува:

„Тие ја усовршиле уметноста на инјектирање на животинска ДНК во човечки хромозоми што ја менуваат нашата ДНК и предизвикува крварење, треска, карцином, па дури и смрт“.

На момент размислете за тоа. Постои технологија која користи електромагнетни фреквенции за отварање на пори во вашата кожа и инјектирање туѓи ДНК во крвотокот и клетките. Ова е екстремно кршење на вашиот физички суверенитет и може да има долгорочни последици, како резултат на генетска мутација – менување на вашата ДНК, што е биолошки план и физичка суштина на тоа што е.

Што ако 5G ја имитира електропорацијата?

Што ако 5G во голема мерка може да го направи она што електропорација го прави во мал обем? Веќе знаеме дека 5G може да биде мутаген (оштетува ДНК). Фреквенциите што ги користи 5G, особено 75-100GHz, во интеракција се со геометриската структура на нашата кожа и потните канали.

Што ако 5G се користи за да се отворат порите на кожата на оние во Вухан за да полесно се инфилтрира новото биолошко оружје – коронавирусот?

The Coronavirus/5G Connection And Coverup