Зошто Русија има помалку заразени од Луксембург?

598

Владимир Путин рече дека неговата земја успеала да го спречи масовното ширење на коронавирусите благодарение на раните и агресивни мерки.

CNN се прашува: Дали Русија го држи коронавирусот под контрола?

Според информациите објавени од руски официјални лица, стратегијата на Путин се чини дека функционира.

Бројот потврдени случаи на коронавирус во Русија е изненадувачки мал, и покрај тоа што Русија има многу долга граница со Кина, својот прв случај го забелжува во јануари.

Бројот на заразени се зголемува, но Русија, земја со 146 милиони луѓе, има помалку потврдени случаи на ифицирани од Луксембург – само 367 лица.

Спротивно на тоа, Луксембург има население од 628,000, има 798 случаи на коронавирус и 8 смртни случаи.

Руските мерките на брзо реагирање, како што е затворање на границата од 2600 километри со Кина уште на 30 јануари и воспоставување карантински зони, можеби придонесоа за одложување на епидемијата во целост, велат некои експерти.

„Генералниот директор на СЗО кажал „тестирајте, тестирајте, тестирајте“, изјавила во четвртокот д-р Мелита Вујновиќ, претставник на Светската здравствена организација во Русија, за Си-Ен-Ен.

„Па, Русија тоа го започна буквално на крајот од јануари“, рече Вујновиќ, додавајќи дека покрај тестирањето, Русија презела и поширок сет на мерки.

Во саботата е соопштено дека е направено повеќе од 156,000 тестови за коронавирусот.

За споредба, според CDC, Соединетите држави започнале со тестирање дури на почетокот на март, додека Русија соопшти дека масовно ги тестирала луѓето од почетокот на февруари, вклучително и луѓе на аеродромите, фокусирајќи се на патниците од Иран, Кина и Јужна Кореја.

Ова не значи дека немало „дупки“ во руската одбрана.

Русија не започнала веднаш да ги тестира оние што доаѓале од Италија или други тешко погодени земји на ЕУ, ограничувајќи ја контролата врз луѓето кои доаѓаат од Европа со мерење на температурата и воведување на двонеделни карантини.

Според здравствените работници, повеќето случаи на коронавирусни случаи пријавени во Русија потекнуваат од Италија.

Сепак, Русија се бори со голем дел од јавниот скептицизам, како наследство од советското минато.

На социјалните медиуми, Русите покренаа прашања поврзани со лошата транспарентност во нивната земја, како што е прикривањето на нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година и реакцијата на земјата на епидемијата на ХИВ во 1980-тите.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.