Зошто петтиот и десеттиот ден се најважни за луѓето кои имаат ковид-19?

336

Списокот на симптоми на ковид-19 е прилично долг, но луѓето кои имаат типични симптоми се разболуваат во првите неколку дена по почетокот на инфекцијата.

Првите денови од инфекција можат да бидат збунувачки, особено затоа што некои имаат само благи симптоми, а некои воопшто не покажуваат никакви. Сепак, само помеѓу петтиот и десеттиот ден од инфекцијата може да се утврди вистинската тежина на болеста.

Експертите наведуваат дека токму во овој период може да се утврди дали пациентот ќе доживее компликации како резултат на ковид-19. Кога ќе се открие ковид кај некоја личност, една од првите работи што треба да се направи е да се бараат симптоми и бројот на денови кога лицето имало симптоми.

Се претпоставува дека повеќето луѓе почнуваат да развиваат симптоми 2-3 дена по инкубирање на вирусот во телото. Првата фаза е обично вирусна реакција, а во втората фаза имунолошкиот систем го започнува дејството. Иако имунолошкиот систем произведува антитела, може да има прекумерна стимулација на системот и влошување на состојбата кај пациентот, а тоа обично се случува околу шестиот или седмиот ден од инфекцијата. Ова е времето кога вистинската битка против ковидот започнува кај многу луѓе. Помеѓу петтиот и десеттиот ден, може да има „втор бран“ на симптоми што може да биде потежок.

Колку трае опоравувањето?

Кај повеќето луѓе, закрепнувањето трае околу една недела или десет дена. По овој период, симптомите почнуваат да исчезнуваат и лицето почнува да се опоравува. Ова е особено точно за луѓето кои имаат лесна или умерена форма на инфекција.

Сепак, кај луѓе со потежок случај на ковид, проблемите можат да започнат помеѓу петтиот и десеттиот ден од инфекцијата. Лекарите велат дека ваквите пациенти прво можат да почувствуваат подобрување, по што се јавува втор бран на симптоми. Експертите бараат од пациентите да ги пријават симптомите и здравјето само една недела по дијагностицирањето, бидејќи само така може да проценат дали некое лице ќе има лесен или тежок случај на ковид.

Најголемите компликации и влошување на симптомите најчесто се јавуваат кај луѓе кои веќе имаат некои постоечки медицински состојби или се постари. Во некои случаи, помладите луѓе кои можат да доживеат компликации може да забележат влошување на симптомите по 12-14 дена.

Кои проблеми можат да се појават по една недела изолација?

Иако симптомите како што се болки во телото, замор, истоштеност и кашлица може да траат долго време, пациентите може да очекуваат влошување на респираторните симптоми – отежнато дишење, болка во градите, непријатност, тежина. Симптоми како конфузија и делириум исто така може да бидат присутни. Исто така, треба да обрнете внимание на треската. Ако температурата не падне до 9-ти или 10-ти ден од инфекцијата, тоа може да укаже на пневмонија или инфекција на крвта.

Иако не може секој пациент да има ист развој на симптоми, важно е да го слушате сопственото тело и да ги преземете потребните чекори. Ако сте во домашна изолација, контактирајте го вашиот лекар кој ќе ви објасни кога е време да одите во болница и на што треба да обрнете внимание.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.