ЗАГОВОРИ

Зошто откритието на Тесла е забрането и кој всушност е Ајнштајн? Видео

By kukuriku

June 23, 2019

Почетокот на ерата на енергетиката без гориво се поврзува за 1903. година, кога Никола Тесла пронајде резонантен трансформатор, и доби енергија на излезот многу пати поголема од влезната.

Со помош само една турбина, нијагарската хидроцентрала и системот за пренос на енергијата без спроводник, Тесла ја снабдил целата држава со електрична енергија.

Новинарот го прашал Тесла: “Од каде се зема енергијата?”

Тесла едноставно одговорил: “Енергијата се зема од ЕТЕРОТ, јас го ладам етерот и го претворам во електрична енергија”.

Откако новинарите ја рашириле веста за тоа дека од вселената може да се земе било која количина на енергија и да се пренесува без проводник на било кое растојание, а при тоа да не се користи ниту јаглен ниту нафта или гас, свикано е итно заседание на Владата на САД.

Седницата на Владата на САД се одржала заедно со банкарите. Разговорот кој се водел забележан е во книгите. Се наведува фактот, дека всушност младиот банкар Бернард Барух обраќајќи му се на Морган рекол: “Весниците пишуваат за некој Тесла, кој сака да продава речиси бесплатно енергија. Ако работите би се одвивале така, ние ќе го изгубиме монополот.”

После тоа, била донесена одлука да се забрани технологијата на Тесла. Патентите на Тесла почнале да се повлекуваат од библиотеките, а неговото име исчезнало од весниците. Банкарите наредиле без одлагање: Да не се прифаќаат ниту да се разгледуваат пронајдоци од типот на Perpetuum mobile.

Со парите на Ротшилд и Рокфелер при академиите на науки од различни земји биле создадени комисии за “борба со псевдо науката”, која се уште го попречува развојот и воведувањето на технологијата без гориво. Обидите на научниците да ја продолжат работата во таа насока биле прекинати брзо и жестоко.

Продолжува на страна 2  

Убиени се талентираните руски истражувачи Филипов и Пилчиков

Зошто толку чудни смртни случаеви на познати физичари, вклучувајќи го и самиот Poincaré? Беа убиени и талентираните руски истражувачи Филипов и Пилчиков.

На крај донесен е план за отстранување на зборот “ЕТЕР“ од физиката.

За таа цел бил создаден проект наречен “специјална теорија на релативноста”. Било одлучено да се повлече од физиката терминот “етер”. Почнале да бараат физичар кој би се согласил да ја одработи таа работа. Го нашле преку неговиот роднина Опенхајмер, банкарот Опенхајмер. Мајката на Алберта Ајзенштајн во тоа време работела како воспитувачка во семејството на банкарот Опенхајмер. Кој совршено знаел дека нејзиниот син се занимава со физика.

Алберт Ајнштајн и Роберт Опенхајмер

Продолжува на страна 3

Во книгите за мајката на Ајнштајн било напишано многу, таа се грижеше за научната кариера на синот и се обидувала да го насочи, да му најде работа. И му нашла таква работа, која успешно ја одработил. Специјална операција за воведување на науката на Ајнштајновата теорија на релативноста е успешно завршена.

Измешани се некомпатибилни поими, како простор и време, што во старт е најгрубата филозофска грешка. Опусот на примената на Теоријата за релативноста е една точка кога нема брзина, тогаш таа навистина функционира. Бидејќи тоа е теорија за една точка, кога брзината е еднаква на нула. При тоа ја уопштиле за било која брзина, и повторно е направена грешка.

Веќе постојат докази дека брзината на светлината не е најголема, има честички кои се движат побрзо од брзината на светлината која научниците веќе ја докажале. Таа ја сотира теоријата на релативноста во корен. И до одреден степен ја потврдува верзијата дека теоријата на релативноста била намерно воведена и промовирана, физиката да се насочи на погрешен пат.

Теоријата на релативноста е нарачана теорија и главната цел на оваа теорија не е вистината, туку обид да се забрани терминот ЕТЕР во физиката. Да не се даде можност да развие технологија која ќе ги користи пронајдоците на Тесла. Бидејќи секоја земја која има доволно бесплатна енергија ќе биде навистина независна, а група банкари кои се стремат кон нов светски поредок ќе ја изгубат моќта. Заедно со властите, тие би изгубиле дел од својата моќ, бидејќи нафтата и гасот, пред сè, се моќ. Парите за нив имаат второстепено значење, бидејќи тие владеат со Федералните резерви и можат да печатат онолку пари колку што сакаат. Ете, таква е ситуација.