Животно набљудување за тоа зошто осаменоста ги избира најсилните луѓе, или тие избираат осаменост.
“Секојдневно, комуницирајќи со различни луѓе, изненадени сме од тоа дека најдостојните од нив – се сами. Тие се одликуваат со харизма, добар изглед, жив аналитички ум, добро образование и манири, зад кои секогаш се крие силен поглед, во кој едвај се забележува мала тага.
Тие ги бараат “своите” луѓе: за комуникација, за друштво, и за пријатен одмор, за љубов, за односи и за семејство.
Тие прават повеќе грешки, повеќе страдаат, поретко контактираат, потешко ги преживуваат неуспесите. Но, секој пат, кога ќе изгорат во врските, повторно се раѓаат од пепелта и стануваат посовршени и посилни.
И повторно, и повторно почнуваат одново …
Чудни им се стереотипите на современото општество, невозможно е да им се наметне туѓо мислење. Без разлика дали тоа е маж или жена, тие бараат таков човек покрај кого ќе им биде топло и спокојно.
А тоа “спокојно” не се темели на отсуството на кавги, адреналин или екстремни емоции. Тоа “спокојно” значи дека е покрај човек кој нема да предаде. Човек на кого безгранично му веруваш, во кого имаш доверба, а во кого сте сигурни 200%.
Дури и најсилните луѓе бескрајно се обидуваат да стекнат убедување, да ги сакаат … “