Зошто лицата со ретки болести не се на приоритетен список за вакцина?

1072

Во листата приоритетни граѓани за вакцинација треба да влезат хронично болните и лицата со ретки болест.

Од здружението живот со предизвик велат треба да се вметне листата со ретки болести според која матичните ќе можат да закажат термин и овие лица приоритетно да бидат имунизирани.

Кај овие граѓани вирусот може да предизвика тешки последици и токму поради тоа секаде во Европа имаат приорит за вакцинација.

Истото мислење го дели и претседателката на здружението приватни матични лекари која смета дека покрај возрасните граѓани, треба да има приоритетна листа за оние кои се соочуваат со хронична болест. Чолакова бара надлежните да направат систем на приоритети и точно да се знае која дијагноза е поприоритетна од другите.

Проблем е и бројот на термини во пунктовите шириум земјата. Не смее да се дозволи матичните лекари да бидат доаѓаат во судир со пациентите поради термино. Порачува согласно бројот на пациенти со приоритет да се пуштаат термини и имунизацијата да се одвива исто во пунктовите ширум земјата.

За сега според одлуката на министерството за здравство имунизацијата продолжи редоследно по возраста на граѓаните, почнувајќи од оние кои се над 70-годишна возраст.