Дали некогаш сте се прашале зошто капсулите не се произведуваат само во една боја?
На ова прашање постојат неколку одговори.
Првиот е тој дека со создавање на препознатлива комбинација на бои фармацевстките куќи сакале да ја намалат веројатноста конзументите да ги погрешат лекарствата.
Освен тоа, се покажало дека шарените капсули на децата делуваат многу попримамливо од тие со проѕирна или бела боја.
Трето, потесниот дел на капсулата секогаш служи како „резервоар” за лекот, додека поширокиот дел има улога на капаче. За да се обезбеди поголема ефикасност во текот на производството на капсулите, т.е. да не се погрешат двата пластични дела, се користат две различни бои.