ЗДРАВА ХРАНА

Зошто е важен витаминот Е?

By kukuriku

July 14, 2019

Витаминот Е е комплексно име за осум антиоксиданси: четири токофероли (α-, β-, γ-, δ-) и четири токотриеноли (α-, β-, γ-, δ-). Единствената форма која што активно се задржува во човечкото тело е α-токоферол. Авокадото е богато со витамин Е.

Витаминот Е му помага на телото во борбата со канцерогените и срцевите заболувања и инфекциите. Тој го зајакнува имунолошкиот систем и помага во отстранувањето на респираторните проблеми. Една од функциите на витаминот Е е да го регулира нивото на витаминот А во телото.

Како антиоксиданс, витаминот Е има неверојатно дејство на здравјето на кожата. Тој ѝ помага да се заштити од UV зраците, загадувањето и сите други појави кои што произведуваат слободни радикали, одговорни за уништувањето на ткивата. Поради тоа негово својство, тој е главна состојка во многу козметички продукти против стареење на кожата. Витаминот Е прави кожата да изгледа помлада и помазна. Некои истражувања посочуваат дека витаминот Е го забрзува процесот на заздравување на изгореници.

Витаминот Е учествува во формирањето на репродуктивните клетки и ја подобрува плодноста на двата пола. Помага и во спречувањето на спонтан абортус.

Симптоми кои што се појавуваат при недостиг на витамин Е се:

Предозирањето со витамин Е е ретка појава, но последните научни истражувања покажуваат дека може да се случи. Затоа внимавајте ако консумирате витамин Е надвор од вашата исхрана. Пред да започнете, консултирајте се со доктор.

ПРЕПОРАЧАНИ ДНЕВНИ ПОТРЕБИ

ХРАНА БОГАТА СО ВИТАМИН Е

Продолжува на страна2

ХРАНА БОГАТА СО ВИТАМИН Е

Витаминот Е најмногу се среќава во растителните масла, јаткастите плодови и авокадото.

Витаминот Е најмногу се среќава во растителните масла, јаткастите плодови, зеленчуците со зелени лисја (спанаќ), житариците, семките од сончоглед и тиква, како и во авокадото.

Храната богата со витамин Е најдобро е да ја јадете свежа, без да ја готвите. Готвената храна содржи 50-90% помалку витамин Е отколку свежата. Складирајте ја храната богата со витамин Е добро затворена, затоа што витаминот Е е чувствителен на кислород.

Примајте и доволно количество витамин Ц и цинк. Тие помагаат витаминот Е подобро да се апсорбира во телото.