Знамето на мирот на James William van Kirk со 7 бои

ЖИВОТ

Знамињата на виножитото се користени како разни симболи долго време пред подемот на ЛГБТ движењето

By kukuriku

June 23, 2021

Како знамето на виножитото стана симбол на ЛГБТ популацијата низ целиот свет? И, зошто баш тие бои се на неа? Приказната за тоа е долга и поширока од самата приказна за борбата за еднакви права.

Знамињата на виножитото се користени како разни симболи долго време пред подемот на ЛГБТ движењето, пред се како симбол на светското мировно движење.

Едно од првите знамиња на симболот на светскиот мир е дизајнирано од Џејмс Вилијам ван Кирк во 1913 година, со различни бои кои ја симболизираат различноста и заедништвото меѓу луѓето ширум светот. И денес се користи, но шемата на бои е различна од знамето на ЛГБТ.

Знамето на мирот на James William van Kirk

Историјата на едно знаме

Знамето на виножитото како симбол на ЛГБТ заедницата започнало да се користи кон крајот на 1970-тите, најпрво во Сан Франциско. Креирано е од уметникот Гилберт Бејкер и оригиналното, рачно бојадисано знаме, за прв пат јавно е користено на Парадата на гордоста во Сан Франциско на 25 јуни 1978 година.

На 27 ноември истата година, бил убиен првиот отворен геј член на Градскиот совет на Сан Франциско, Харви Милк. Сакајќи да изразат сила и солидарност по овој напад, ЛГБТ заедницата го користи знамето на Бејкер.

Gilbert Baker

Поради поголемата побарувачка, знамето започнало фабрички да се произведува, но се појавил проблем, бидејќи во тоа време не можело да се најде розова фабричка боја. Проблемот бил решен со печатење на знамето со 7, наместо со претходните 8 бои.

Во 1979 година, знамето повторно било сменето.

Организацискиот одбор на Геј парадата одлучи патот по кој треба да се движи да се помине со знамето на Виножитото. Затоа било потребно знамето да има парен број ленти (три од едната и 3 од другата страна) и боло одлучено да се тргне тиркизната боја.

Со ова на знамето му е одреден денешниот изглед: црвена (на врвот), портокалова, жолта, зелена, сина и виолетова.

Знамето почнало да се шири во ЛГБТ заедницата во текот на осумдесеттите години на минатиот век, а стана светски познато во 1989 година, откако извесен Џон Стаут ги доби своите сопственици на суд затоа што му забранувале да го закачува знамето на виножитото на терасата од неговиот стан во Западен Холивуд.

Од тогаш до денес, овој симбол стана толку раширен што боите на виножитото денес се наоѓаат на голем број производи, како симбол на ЛГБТ заедниците, но и како поддршка за припадниците на ова сексуално малцинство.

Специјални знамиња на виножитото на ЛГБТ заедницата

Victory Over AIDS Flag е знаме на виножитото, на кое е додадена црната боја под виолетовата. Наредникот Леонард Матлович, ветеран во Виетнамската војна, предложил црната боја да се отстрани од знамето кога ќе се најде лек за СИДА.

– Знамето со бела лента првпат се појавило на ЛГБТ парадата на гордоста во Стокхолм, за да се нагласи дека сите групи се вклучени.

– Знамето на виножитото често се комбинира со други симболи на ЛГБТ движењето, како што се ламбда, розов триаголник, лабрис… Во зависност од значењето на симболот со кој е комбинирано, знамето се менува, односно го нагласува неговото општо значење. На пример, лабрисот ќе го нагласи присуството на лезбејска заедница.

Оригиналното значење на боите

Првото знаме на ЛГБТ имало 8 бои, а Бејкер придавал одредени значења на секоја од нив: