Животна драма на Рафаел Надал | Боледува од ретка болест | Откриена е вистинската причина за неговото повлекување од УС Опен

1443

Nadal потсети дека ова е повреда која ја трпи од 2005 година, но исто така посочи дека е мотивиран и подготвен да направи сѐ.

Шпанскиот тенисер Rafael Nadal вчера објави дека одлучил да ја заврши сезоната поради проблемот со стапалото што го мачи веќе една година.

„За жал, морам да ја завршам сезоната 2021“, напиша Надал на својот Твитер профил. „Искрено, се борам со ногата повеќе од што треба веќе една година и ми треба време … да најдам решение за овој проблем или барем да го поправам за да можам да играм во следните неколку години“.

Надал рече дека откако разговарал со својот тим и семејството, донел одлука да се посвети на закрепнувањето.

„Во текот на оваа година, пропуштив работи што се многу важни за мене, како Вимблдон, Олимпијадата и сега US Open“, рече Nadal.

Ретка болест

Тој неодамна откри дека ја чувствува истата болка како и во 2005 година, кога му беше дијагностицирана ретка болест на Müller-Weiss синдром, дијагноза која за малку ќе го натераше да го напушти професионалниот тенис и кој овие години ги зафати и другите делови од неговото тело. За ова пишува и познатиот тениски магазин Puntodebreak.

Надал има проблеми со стапалото уште од раното детство, а професионалното спортување и напорните тренинзи предизвикаа болката да се прошири и на други делови од телото. Така, неговите проблеми со коленото се само последица на оваа болест.

Тешко е да се открие оваа болест во раните фази. Лекарите стануваат сигурни дури тогаш кога таа напредува. Болката се јавува во средината и задниот дел на стапалото, овие делови отекуваат, а болката потоа се пренесува нагоре, преку глуждот до коленото. Кога пациентот оди или трча, ситуацијата се влошува.

За жал, колку повеќе старее, толку повеќе ќе има проблеми со оваа болест, бидејќи нејзините симптоми се најочигледни во подоцнежниот живот. Неговото движење на теренот ќе биде побавно и потешко како што минува времето.