Нивното место на живеење се нарекува оаза на младоста, а ова се сите навики кои делуваат како еликсир на младоста и здравјето на луѓето.
Хунзите се стар народ, кој се наоѓа на границата меѓу Пакистан и Индија, а се познати по тоа дека нивниот животен век трае 110-120 години, па нивното место на живеење е познато како оаза на младоста. Речиси никогаш не се болни, а благодарение на гените секогаш изгледаат младешки. Тие се вистински пример дека начинот на живот, приближно до идеален, навистина постои. Хунзите се капат во ледена вода, дури и на температура од 15 степени под нулата, а со 65 години раѓаат деца.
Во текот на летото тие јадат свежо овошје и зеленчук, а во зима јадат суви кајсии, никнато жито и овчјо сирење. Постои период кога Хунзите не јадат ништо и тој период е познат како “гладна пролет”. Името доаѓа по тоа дека плодовите не се уште зрели, а потоа пијат само сок од суви кајсии. Периодот трае 2-4 месеци, а во нивната историја строго се почитуваат како високо издигнат култ.
Протеините ги внесуваат во најмали количества, а дневно внесуваат во просек од 1.933 калории, од кои 50 g протеини, 36 g маст, 365 гр јаглехидрати. Од искуството на многу странци дојденци, кои се преселиле во долината на реката Хунза, заклучиле дека главниот фактор на долговечен живот е здравата исхрана.
Експеримент како доказ
Шкотскиот лекар Mек Харисон, по враќањето во Англија, направи експеримент на голем број животни. Една група била хранета со нормална храна на едно лондонско работничко семејство, која подразбирала бел леб, харинга, рафиниран шеќер, конзервирана храна и варен зеленчук. Како резултат на таквата исхрана кај животните се појавиле различни болести на луѓето. Друга група на животни се хранела со храната на Хунзите и останала совршено здрава. Едно кинеско списание во 1984 година опишало многу интересен настан. Еден од Хунзите, со име Said Adbul Mobuda, ги збуни сите работници на емиграциската служба на лондонскиот аеродром Хитроу, кога тој го покажа својот пасош. Тој е роден во 1832 година и имаше 160 години. Тој се сметаше за штитеник во земјата на Хунзите, а се сеќаваше на настаните од 1850 година.
Во книгата Хунзите – луѓе кои не знаат на болеста, од авторот Р. Бирчер, се истакнати основните карактеристики на нивната исхрана, тврдејќи дека тие се од суштинско значење за здрав живот: Вегетаријански вид на исхрана – голема количина на свежа храна; во исхраната доминира овошје и зеленчук, природни производи, без додавање на хемикалии, храна која се подготвува така што се задржуваат сите нејзини биолошки вредни материјали, алкохол и слатки се на листата на храна која ретко кога се внесува, се почитува редовен период на постење.
На Меѓународниот конгрес за канцерогени заболувања во Париз, обележени во август 1977 година, експертите објавиле дека “по податоците геоканцерологијата (наука за истражување на ракот во различни региони на светот) потполно отсуство на ракот се случува само меѓу луѓето од Хунза.”
За нив да се помине 100-200 километри на ден, исто како и за нас да прошетаме околу куќата. На Хунзите качување по стрмните планини е лесна работа, а се симнуваат надолу весели и енергични. Исто така, нивните постојано насмеани лица и добро расположение, исто така, придонесува на нивното подобро ментално и физичко здравје.