Женски муабети / Без диплома нема љубов и брак

736

Без диплома нема љубов и брак!

Техничкиот Универзитет Квинсленд во Австралија објави податоци кои покажуваат дека образованието е најважна карактеристика, која денешните жени ја бараат кај мажите.

Во студијата, со која беа опфатени над 40.000 корисници на возраст од 18 до 80 години, експертски тим анализирал повеќе од 250.000 интеракции на корисници на еден од најпопуларните и најдоверливи австралиски сајтови за пронаоѓање партнер.

Дошле до сознание дека жените до 30-годишна возраст бараат партнери со исто или повисоко ниво на образование. Истражувањето открило дека жените се многу попребирливи при изборот на партнери, а образованието е еден од главните индикатори на нивната интелигенција и општествен статус кои се многу посакувани карактеристики кај посилниот пол.

Од друга страна, мажите се попребирливи до 40-годишна возраст, но подоцна имаат многу поголеми барања при изборот на партнерки.