ЖЕНСКИ СВЕТ

Жените во менопаузата имаат потешкотии со помнењето

By kukuriku

September 19, 2019

Истражување спроведено на Университетот Харвард покажува дека намалувањето на присутвото на естрогенот кај жените во менопауза ги зголемува шансите за потешкотии со помнењето.

Наодите, кои ги објави „Журнал од неуросајнс“, се собрани од околу 200 и спитаници на возраст од 45 до 55 години.

Испитаничките учествувале во истражувањето во тестирање на помнењето и биле подложени на снимање на мозокот со уред за магнетна резонанца.

Научниците потенцираат дека присутноста на хормонот естроген е поврзана и со функцијата на хипокампусот, дел од мозокот клучен за поамнењето.

Се проценува дека 60 отсто од жените во менопаузата имаат привремени потешкотии со памтењето.