ЖЕНСКИ СВЕТ

Жените изложени на загаден воздух имаат поголем ризик за неплодност

By kukuriku

July 20, 2019

Жените кои се повеќе изложени на загаден воздух предизвикан од сообраќајот, имаат поголем ризик за неплодност, покажува истражување спроведено во САД.

Научници од Универзитетот Бостон своите наоди ги темелат врз десетгодишно следење на над 36.000 жени.

Се покажало дека испитаничките кои живеат на помалку од 200 метри оддалеченост од големите сообраќајници имаат просечно 11 отсто поголем ризик за неплодност.

Воочената врска на сообраќајното загадување и неплодноста на жените била најизразена во подрачјата со најголемо загадување на воздухот.

Резултатите од истражувањето ги објави стручното списание „Human Reproduction“.