Зголемен бројот на заболени во Македонија – 70

500

СЗО посочи на брзо ширење на болеста. Во изминатите 12 денови се зголеми за 100.000, сега вкупниот број изнесува близу 250. 000 заболени, ова денеска на прес конференција го објави министерот за здравство, Венко Филипче.

– На утринскиот состанок го дискутиравме ова со Комисијата за заразни болести и донесвоме одлука дека ќе се обединат двете лаборатории, вкупниот број на тестирани се 43 од кои 3 се позитивни. Вкупниот број е сега 70. Трите се нови случаи, едната патувала од Србија, бабата на девојчето од Штип и еден од Скопје. Пациентката на респираторна машина е во кризична фаза, се прават напори, но нејзината ситуација е покритична од изминатиот ден, информира Филипче.

Според светската статистика пет осто од заболените се на респираторна машина, нагласи Филипче.

– Во комуникација сме со нашиот амбасадор од Бразил бараме ослободување на извозот на респираторни машини, имаме дипломаткса комуникација и се надеваме дека во ова ќе успееме. И Кина резевира 200 респираторни машини, треба да се завршат правните механизми за да стигнат тука. До денес има 888 тестови, во овој момент во Институтот за јавно здравје има 400 дополнително. Во однос на реорганизација и достапност на изработка на материјал брисеви, од понедленик ќе има 2 пункта во поликлиника Чаир и Јане Сандански, ќе се закажува преку Мој термин. Ова не е натпревар за ексклузивитет, нема место за сензационализам. Бројот на пациенти ќе расте. Тоа се најавите на сите земји каде има заболени, вели Филипче.

Заболените од коронавирусот се наоѓаат во Скопје, Штип, Гостивар Охрид и Дебар.

– Капацитетот на Инфективната клиника е исполет 20 проценти, има место и на прв, но и на вториот спрат, кој е опремен да ги прими пациентите, смирува Филипче