НАУКА

Земјотресот на Камчатка можеби предизвикал вулканска ерупција по 600 години !

By kukuriku

September 08, 2025

Крашениников последен пат еруптирал во 1463 година – плус или минус 40 години – и оттогаш не еруптирал.

Ноќната ерупција на вулканот Крашениников на Камчатка, прва по 600 години, може да биде поврзана со масивен земјотрес што го погоди Далечниот Исток на Русија минатиот месец, објави руската државна новинска агенција РИА и научниците.

Ова е првата историски потврдена ерупција на вулканот Крашениников по 600 години, ја цитира РИА, Олга Гирина, раководител на тимот што ги следи вулканските ерупции на Камчатка.

Таа додаде дека ерупцијата може да биде поврзана со предходниот земјотрес, кој предизвика предупредувања за цунами дури до Француска Полинезија и Чиле, а по тоа следеше ерупција на Кључевскаја, најактивниот вулкан на полуостровот Камчатка.

На Телеграм каналот на Институтот за вулканологија и сеизмологија, Гирина изјави дека Крашениников последен пат исфрлил лава во 1463 година – плус/минус 40 години – и дека оттогаш не е регистрирана никаква ерупција.

Одделот на руското Министерство за вонредни ситуации на Камчатка соопшти дека по ерупцијата на вулканот е забележан облак од пепел кој се искачил до 6.000 метри. Самиот вулкан е висок 1856 метри.

Облакот од пепел се движел кон исток, кон Тихиот Океан. Нема населени области на неговиот пат, соопшти министерството на Телеграм.

Вулканската ерупција тогаш е обележана со портокалов код за авијација, што укажувало на зголемен ризик за воздухопловството, соопшти министерството.