Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Јапонија

211

Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Јапонија, прекинат е железничкиот сообраќај.

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го потресе источниот дел на Јапонија денес, што предизвика кратко запирање на железничкиот сообраќај, соопшти Јапонската метеоролошка агенција и железнички оператор.

Земјотресот се случил во 22.07 по локално време, на длабочина од 50 километри северо-источно од префектурата Чиба и не е издаденo предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Земјотресот се почуствувалво соседните префектури, вклучително и Токио.