Пoтребно
- ½ чаша маслиново масло
- 2 лажици соја сос
- 2 лажици оцет
- ½ лажичка сол
- ½ лажичка мелен црн пипер
- 2 модри патлиџани, сечени на парчиња
- 3 тиквички, сечени на кругови
- 2 зелени пиперки, исечени на половинки
- 3 моркови, сецкани на должина на половини
- 2 големи глави црвен кромид
- Копар
- Магдонос
Подготовка
- За да ја приготвите маринадата измешајте го маслиновото масло, соја сос, оцетот, солта, црниот пипер во голем сад.
- Измешајте ги добро.
- Исечете го зеленчукот истевете го во маринадата за околу еден час, за да ги впие сите вкусови и мириси.
- Загрејте ја решетката на средна температура. Подмачкајте со малку маслиново масло.
- Исцедете го зеленчукот од вишокот маринада и ставете на решетката.
- Печете на секоја страна за околу 10-15 минути или додека да се запече рамномерно.
- Откако зеленчукот се испекол посипете со уште помалку од маринадата и промешајте.
- Служете како гарнир кон главно јадење.