Здравствени работници: ВНИМАНИЕ! Пронајдени траги од вирусот COVID 19 онаму каде што најмалку се очекувало

1337

Научниците од Медицинскиот универзитет во Небраска пронашле траги од корона вирус во собите каде што престојувале лицата заболени со корона вирус но и во ходниците до просториите за карантин.

Корона вирусот може да се пронајде во воздухот и во момент кога пациентите не се во собите за изолација.

– Идентификувавме примероци на гени во воздухот, со што се потврди приоритетот за заштита на дишните патишта.

Можеби ќе ве интересира:

Колку помагаат заштитните маски за одбрана од коронавирусот?

Во студијата се користени примероци од воздух во 11 болнички соби во кои била откриена голема концентрација на COVID 19. Научниците анализирале и примероци земени од ходниците надвор од просториите низ кои постојано се движел вработените во болниците, и тука примероците биле позитивни.

Истражувачите рекле дека студијата не може да процени дали пронајдените примероци во воздухот се заразни, но со овој доказ се зголемува потребата од заштитна опрема за медицинските лица се додека не излезат потврдени наоди на оваа тема.

Коавторот на студијата, Џошуа Сантарпија, вонреден професор за патологија и микробиологија на Медицинскиот центар во Небраска, вели дека оваа студија ќе допринесе за одредување соодветни мерки на претпазливост за здравствените работници и за сите оние кои се грижат за родителите за време на пандемијата со корона вирусот.

Истражувањето исто така ќе помогне да се разбере пренесувањето, а со тоа и да се изнајдат начини за зајакнување на безбедноста и негата за пациентите кои се заразени од оваа болест.

Можеби ќе ве интересира:

Во Русија направен скафандер за заштита од вируси