“Здраво Florence, јас сум Америка” | Страшна бура пристигнува кон источниот брег на САД | Видео

604

Населението е во бегство, метеоролозите имаат црно претчувството за целата планета

Ураганот Florence во понеделникот молкавично зајакнал и во само неколку часа од категорија 2 преминал во категорија 4, па властите наредиле први евакуации на источниот брег на Соединетите Американски Држави. Со ветрови кои дуваат со брзина до 195 km/h, ураганот би можел да го погоди американскиот континент оваа недела, а го опишуваат како најсилната бура која го зафатила регионот во последниве децении.

По Северна и Јужна Каролина, и сојузната држава Вирџинија прогласи вонредна состојба во текот на викендот за да се подготват за можните последици од ударот. Властите на Северна Каролина наредиле први евакуации на жителите на островот Hatteras, а од вторникот и од другите зони на крајбрежните туристички региони на Outer Banks.

Ураганот се движи со брзина од 20 километри на час на северозапад и би требало во вторник и среда да помине меѓу Бахамите и Бермудите. Во четврток може да го погоди брегот на САД, во Северна и Јужна Каролина.

Метеоролозите предупредуваат дека ураганот може да достигне и петта, највисока категорија, бидејќи ја влече силата од топлиот Атлантик. Инаку, за да се формира ураган, температурата на морската вода во тропските делови на северниот Атлантик треба да биде повисока од 26,5 степени Целзиусови, и тоа минимално до 50 метри длабочина.

Ова ќе биде првата бура од толку висока категорија (засега четврта) која го зафати регионот откако ураганот Hugo ја уништи Северна Каролина во 1989. година. Животот тогаш го загубија 49 луѓе, а материјалната штета е проценета на околу седум милијарди долари, пренесува BBC.

Од американскиот Центар за урагани (National Hurricane Center – NHC) велат дека Florence го следи “крајно опасно” време. Може да предизвика катастрофални количества дожд и поплави како во крајбрежната област, така и во внатрешноста.

– Многу е веројатно дека Florence сериозно ќе го загрози животот – големите бранови ќе удрат во брегот, внатрешноста ќе ја погодат поплави и екстремно силни дождови, а штета ќе предизвикаат силните урагански ветрови – велат од NHC.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот најави дека од безбедносни причини ќе го откаже собирот во петок, како дел од кампањата закажана во Џексон, во држава Мисисипи.

Евакуации

Гувернерот на Јужна Каролина наредил евакуација на целата крајбрежна линија од пладне во вторникот. Се очекува дека овој потег ќе погоди околу еден милион луѓе.

Властите во Северна Каролина наредиле евакуација во областа на Outer Banks, додека гувернерот таа држава ја нарече “центар” на бурата.

Долги се редовите во супермаркетите каде што жителите ги празнат полиците и обезбедуваат залихи со вода, батерии и дрва. На плажите се поставени црвени знамиња кои ги предупредуваат луѓето да не влегуваат во океанот, а граѓаните ги снабдуваат своите домови со вреќи песок.

Уште два урагани се вртат на Атлантскиот Океан – Isaac и Helena. Се очекува дека ќе забрзаат, но моментално нема информации дека може да ја погодат американската почва.