Здравите луѓе шират корона

296

И покрај тоа што опоравена асимптоматска личност седи покрај вас, не сте сигурни дека нема да ве зарази.

Закрепната асимптоматска личност која се чувствува одлично и чии резултати од тест на крвта и сите други фактори се одлични, сепак може да го прошири вирусот низ назалниот тракт.

Шефот на руската федерална служба за надзор на заштитата на потрошувачите и благосостојбата на населението, Ана Попова, изјави денес дека луѓето кои се опоравиле од ковид 19 може да го шират коронавирусот во нивната околина до месец и половина од опоравувањето.

– Според нашите согледувања, тој период трае до 48 дена, додека набљудувањата во странство укажуваат на период од скоро 90 дена – рече Попова, а пренесе Тасс.